Де Брујне се прости од Сити: Не ми е лесно да го напишам ова

Кевин Де Брујне (33) се прости од навивачите на Манчестер Сити со објава на социјалните мрежи, потврдувајќи дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот во кој настапува од 2015 година. Договорот на одличниот белгиски напаѓач и капитен истекува и тој нема потпишано нов и нема да го стори тоа.

„Драг Манчестер, гледајќи го ова веројатно разбираш каде води. Затоа ќе бидам директен и ќе ви кажам на сите дека ова се моите последни месеци како играч на Манчестер Сити. Не ми е лесно да го напишам ова, но како фудбалери, сите знаеме дека овој ден неизбежно доаѓа. Тој ден дојде и вие заслужувате прво да го слушнете од мене.

Фудбалот ме донесе кај сите вас и во овој град. Го бркав мојот сон, не знаејќи дека овој период ќе ми го промени животот. Овој град. Овој клуб. Овие луѓе... ми дадоа СÈ. Немав друг избор освен да дадам СÈ за возврат! И погодете што - освоивме СÈ.

Без разлика дали ни се допаѓа или не, време е да се збогуваме. Сури, Роум, Мејсон, Мишел и јас сме исклучително благодарни за она што овој град значеше за нашето семејство. ‘Манчестер’ засекогаш ќе биде во пасошите на нашите деца и што е уште поважно, во нашите срца.

Ова секогаш ќе биде нашиот ДОМ. Не можеме доволно да им се заблагодариме на градот, клубот, персоналот, соиграчите, пријателите и семејството за оваа десетгодишна серија. Секоја приказна доаѓа до крајот, но ова беше дефинитивно најдобриот дел. Ајде да уживаме во овие последни моменти заедно! Со многу љубов, КДБ“, напиша тој.

Со Сити ја освои Лигата на шампионите и уште 17 трофеи

Фудбалската кариера ја започна во Генк, а потоа играше за Челси, Вердер и Волфсбург.

Тој дојде во Манчестер Сити во 2015 година и долги години беше главен играч на тимот кој владееше во Премиер лигата. Со клубот од Манчестер ја освои Лигата на шампионите и уште 17 трофеи.

За белгиската репрезентација одигра 109 натпревари и постигна 30 голови. Transfermarkt ја проценува неговата вредност на 27 милиони евра, а неговата најголема вредност според таа страница била 150 милиони евра во мај 2018 година.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Фудбал

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Read more

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Read more

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Read more

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Read more
 

Спорт

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе