Дејвид Бекам и Гари Невил станаа сопственици на Салфорд Сити

Дејвид Бекам се враќа во фудбалска Европа, бидејќи од денес, заедно со поранешниот соиграч Гари Невил и еден американски конзорциум, стана сопственик на Салфорд Сити, член на англиската Лига 2 (четврта лига).

Салфорд е во сопственост на конзорциумот Project 92 Limited од 2014 година, во кој членуваат поранешните играчи на Манчестер Јунајтед, Ники Бат, Рајан Гигс, Гари и Фил Невил и Пол Сколс. Пред три години, Гари Невил му го препушти раководството на клубот на Ники Бат.

Бекам, заедно со Гари Невил и американските бизнисмени Деклан Кели и Марвин Дејвис, купија мнозински удел и имаат намера да го издигнат клубот од Втората дивизија.

„Пораснав во Салфорд. Имам убави спомени, местото и луѓето одиграа важна улога во моето воспитување. Салфорд Сити е срцето на заедницата, има богата историја и воодушевен сум што сум дел од иднината на клубот и градот“, рече Бекам, кој е косопственик на Интер Мајами.

Гари Невил купи акции од сингапурскиот бизнисмен Питер Лим пред една година:

„Ова е уникатно партнерство кое ги спојува различните умови и искуства, а кое е обединето од страста за фудбалот. Фудбалот ќе продолжи да биде приоритет, но од суштинско значење е клубот да стане самоодржлив во следните четири до пет години. Со нетрпение го очекувам следниот чекор од ова патување“, рече Невил.

Салфорд Сити е основан во 1940 година, игра на стадионот „Пенинсула“ и минатата сезона заврши на 8. место во Лига 2, пропуштајќи го плејофот за еден бод.

реклама

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе