Фудбалерите на загрепски Динамо самоуверено чекорат кон ново учество во Лигата на шампионите. Можеби ќе зачекорат, но состојбата во која се наоѓа нивниот стадион ќе одекнува низ Стариот континент кога елитните европски клубови ќе доаѓаат во Загреб.
По големите тешкотии и среќната елиминација на швајцарски Тун, хрватскиот шампион без поголеми проблеми го елиминираше литванскиот Кауно Жалгирис во третото квалификациско коло, а на последното скалило пред вратата од елитното натпреварување ги очекува норвешкиот Викинг.
Првиот натпревар од плејофот ќе се игра на познатиот „Максимир“ во Загреб, а тоа беше повод норвешките новинари да пристигнат во хрватската престолнина и од лице место на своите гледачи да им ги пренесат своите впечатоци за состојбата на стадионот на Динамо.
„Стадионот на загрепски Динамо е дотраена дупка со шарм. Придружете ни се внатре. Ова е стадион стар 115 години и имам впечаток дека сите овие работи се можеби уште постари. Исто така, имате можност да ги видите распаѓачките тули...“, истакна новинарот од норвешката TV 2.
🇳🇴 Norwegian TV made a short video showing off Maksimir and even picking up debris from the stadium.
— Croatian Football (@CroatiaFooty) August 18, 2026
They titled the video 'A disturbing sight: Run-down dump' pic.twitter.com/JmkEmM68rz
Треба да се напомене дека Норвежанецот бил доста изненаден од општата состојба на стадионот „Максимир“, и детално ѝ покажал на публиката сè што наишол на прилично опустошениот спортски објект, кој долго време бара реконструкција и кој не толку одамна беше прогласен за втор најгрд стадион во анкетата на британски Money, веднаш зад стадионот „Карло Кастелани“, дом на фудбалерите на Емполи.
Стадионот „Максимир“ има капацитет од 35.423 гледачи, но моментално е намален на 25.912. По силниот земјотрес од март 2020 година, трибината Исток и ден денес не е во функција поради безбедносни причини. изграден е во 1912 година, а реновиран бил во 1948, 1998 и 2011.
Целосниот прилог можете да го погледнете тука.
Вистинска среќа што норвешките новинари не се во Скопје за да видат во какви услови би работеле во новинарската ложа на Националата арена „Тодор Проески“.