Дрезден воведе револуција во Германија: Динамо им забрани на инфлуенсерите пристап на стадион

Динамо од Дрезден одлучи да воведе нови правила на својот стадион, што особено ќе влијаат на инфлуенсерите, јутјуберите, стримерите и другите креатори на содржини. Германскиот клуб ги промени правилата за користење на стадионот „Рудолф Харбиг“ и јасно дефинираше што им е дозволено на посетителите да снимаат без претходна дозвола.

Ова не е забрана за користење телефони, ниту пак навивачите ќе бидат спречени да фотографираат и снимаат натпревари за приватни цели. Проблемот се јавува кога содржината ќе стане комерцијална по природа.

Динамо претходно имаше правило со кое се ограничуваше комерцијалното фотографирање и снимање без дозвола, но сега отиде чекор понатаму. Според новите прописи, секоја содржина што по својата природа и опсег може да се смета за маркетинг на инфлуенсери или е наменета за монетизација бара претходна согласност од клубот.

Регулативата се однесува и на употребата на професионална опрема за производство на таква содржина.

Ова значи дека обичниот навивач сè уште може да направи фотографија или видео со својот телефон и да го објави за приватни цели без никакви проблеми. Од друга страна, инфлуенсерите, влогерите и стримерите кои го користат своето присуство на натпреварот за да креираат содржина од која заработуваат пари, прво ќе мора да добијат зелено светло од Динамо.

Динамо е форминан во 1953 година како клуб на источногерманската полиција. Стана најпопуларен и најуспешен клуб во Источна Германија освојувајќи 8 шампионски титули. По обединувањето играше 4 сезони во Бундеслигата, но како и останатите клубови од источниот дел финансиски падна и играше во четврта, трета и втора лига. Минатата сезона се врати во 2. Бундеслига и заврши 11-ти.

Дрезден е главен град на сојузната држава Саксонија и втор најголем во неа по Лајпциг. Се наоѓа во поранешната Источна Германија и е познат по навивачите кои се екстремни националисти, како и поголемиот дел од навивачките групи во поранешната комунистичка држава. За разлика од другите делови на денешна обединета Германија, во тој источен дел имиграцијата е сѐ уште на многу ниско ниво токму поради нетрпеливоста на локалното население кон новодојдените, освен во престолнината Берлин. Во изминатите децении бројните напади врз имигранти ја направија поранешна Истиочна Германија непосакувана средина.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Фудбал

Комичен автогол во српската лига

Read more

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Read more

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе