Пари Сен-Жермен продолжува да ги полни витрините на клубот. Парижаните синоќа ја победија Астон Вила со 2:1 и го освоија својот втор последователен трофеј во Суперкупот на УЕФА.
Еден од хероите на победата беше Дезире Дуе, кој беше прогласена за играч на натпреварот. Младиот Французин уште еднаш покажа колку е важен за тимот, а по натпреварот не го криеше задоволството од новиот трофеј.
„Нашиот менталитет е секогаш да победуваме и да бидеме што е можно поконкурентни. Многу сме среќни. Знаеме дека не е лесно кога ќе се вратите од одмор, но вечерва успеавме да го направиме она што го сакавме. Главната цел е да освоиме сè оваа сезона“, изјави Дуе за Canal+.
Посебно се осврна и голот кој имаше голем придонес за триумфот на „Светците“.
„Втрчав во шеснаесетникот, Усман ја испрати топката. Бев фокусиран на завршување, а потоа судијата покажа дека е гол. Беше фантастично чувство, мора да се искористат вакви моменти“, додаде Французинот.
ПСЖ ја отвори новата сезона со трофеј, а пораката од соблекувалната е јасна - европскиот гигант нема намера да застане кај Суперкупот.