Овој репрезентативен прозорец македонската прва лига може да се повали со фактот што дури петмина странски фудбалери добија повик во репрезентации од Европа, Азија и Африка.
Вкупно осуммина прволигашки фудбалери имаат репрезентативен ангажман овој репрезентативен прозорец. Откако Благоја Милевски во репрезентацијата на Македонија ги повика Бојан Илиевски (Струга), Решат Рамадани (Шкендија) и Давид Бабунски (Вардар), петмина од странските играчи што играат во нашата најдобра лига се најдоа на списоците на исто толку репрезентации.
Најдобриот играч на Вардар, Роџерс Мато, веќе е редовен во репрезентацијата на Уганда, за која во мундијалските квалификации има постигнато 3 голови. Воедно е и Најискусен според број на репрезентативни настапи од оваа петорка. Повторно е повикан и тоа за одлучувачките последни два натпревара на кои Уганда има само теоретски шанси да го престигне првопласираниот Алжир на табелата, но може да се избоири за второто место и пласман во баражот.
Добрите настапи на голот на тетовска Шкендија по три години го вратија голманот Бабукар Гаје помеѓу стативите во репрезентацијата на Гамбија. Сега повторно доби повик, а неговата репрезентација нема шанси да се квалификува на Мундијалоот ниту преку бараж.
Од Шкендија репрезентативно деби ќе чека стоперот Клисман Цаке. И нему добрите игри му обезбедија повик за Албанија за која претходно има настапувано само за младинските репрезентации. Ако не добие минутажа на важниот квалификациски дуел со Србија, тоа сигурно ќе се случи на пријателксата против Јордан.
Левиот бек на Башкими од Куманово, Хабибула Аскар, повторно е во ртепрезентацијата на Авганистан откако поради клупски обврски не беше за августовските мечеви. Сега Авганистан игра квалификации за пласман на Азискиот куп 2027, а ќе игра двомеч со соседот Пакистан.
Втор најискусен според број на репрезентативни настапи од оваа петорка е играчот од дерфанзивната средина на Брера Струмица, Варсама Хасан, поранешен младински репрезентативец на Белгија која игра за Џибути, една од најслабите африкански репрезентации. Тој уште денеска има меч и тоа против гигантот Египет. Џибути е закован на дното на свопјата мундијалска квалификациска група и ќе игра за престиж.
Поранешни репрезентативци што играат во македонската лига се и Роналдо Вебстер (Шкендија/Јамајка), Ведран Ќосевски (Вардар/Босна и Херцеговина), Маудо Џарџуе (Струга/Гамбија), Басиру Компаоре (Струга/Буркина Фасо), Муса Раматан (Вардар/Уганда), Ворен Чимбембе (Вардар/Конго), Фахад Бајо (Вардар/Уганда), Фахд Ндзенге (Брера Струмица/Габон), Сикиру Олатунбосун (Арсими/Нигерија), Чуквума Акабуезе (Тиквеш/Нигерија) и Берат Садик (Тиквеш/Финска).
Роџерс Мато (Вардар) - Уганда
Настапи/голови: 34/6
Боцвана - Уганда (9 октомври)
Алжир - Уганда (14 октомври)
Бабукар Гаје (Шкендија) - Гамбија
Настапи/голови: 2/0
Гамбија - Габон (10 октомври)
Сејшели - Гамбија (14 октомври)
Клисман Цаке (Шкендија) - Албанија
Настапи/голови: 0/0
Србија - Албанија (11 октомври)
Албанија - Јордан (14 октомври)
Хабибула Аскар (Башкими) - Авганистан
Настапи/голови: 9/0
Пакистан - Авганистан (9 октомври)
Авганистан - Пакистан (14 октомври)
Варсама Хасан (Брера Струмица) - Џибути
Настапи/голови: 25/2
Џибути - Египет (8 октомври)
Џибути - Сиера Леоне (12 октомври)