ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2025

Едерсон се сели во Галатасарај, Сити ќе го ангажира Донарума

Макфакс/Кајгана
/ 13.08.2025 / 15:58

Голманска вртелешка се подготвува во финишот на летниот преоден рок. Бразилскиот голман Едерсон (31) е на прагот да се пресели во Галатасарај, што значи дека на негово место ќе дојде Џиџи Донарума, кој е пречкртан во ПСЖ.

Едерсон се договорил со актуелниот шампион на Турција. Ќе потпише договор до 2028 година, со плата од 7 милиони евра годишно, со бонуси, тврди италијанскиот инсајдер Николò Скира, без да наведе колкава сума Сити ќе заработи од трансферот на Бразилецот.

Со доведувањето на Едерсон, Галатасарај ќе го комплетира неверојатниот преоден рок, во кој, меѓу другите, успеаја да ги купат Виктор Осимхен и Лерој Сане.

Заминувањето на долгогодишниот прв чувар на мрежата од Сити може да значи само едно, дека Донарума ќе слета на „Итихад“.

Во претходните четири години, Џанлуиџи Донарума беше прв голман на ПСЖ и еден од најзаслужните што овој тим конечно стигна до титулата во Лигата на шампионите минатата сезона.

Сепак, на почетокот од подготовките за новата сезона, овој 26-годишник ги шокираше сите со одлуката да одбие продолжување на договорот, што беше јасен знак за ПСЖ дека мора да се ослободат од него што е можно поскоро.

Дека не сметаат на Донарума стана јасно кога Луис Енрике не го зеде во ростерот за мечот во Суперкупот на УЕФА.

„Од првиот ден откако пристигнав во клубот, дадов сѐ од себе и надвор и на теренот за да го заслужам моето место на голот на ПСЖ. За жал, некој одлучи дека повеќе не можам да бидам дел од овој тим, што ме разочара и ми го скрши срцето“, рече популарниот Џиџо.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Фудбал

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Read more

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Read more

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Read more

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Read more
 

Спорт

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе