Во фудбалот постојат клубови што се паметат по своите титули, големите ѕвезди и европските ноќи, а има и такви чија големина има малку врска со бројот на трофеи. Нивната вредност лежи во нивната традиција, историја и поврзаност со градот од кој потекнуваат. Еден таков клуб е Рекреативо де Уелва, познат по прекарот Ел Декано - најстариот активен фудбалски клуб во Шпанија.
Приказната за овој клуб започнала во 1889 година, во Уелва, град на југот од земјата. Фудбалот таму бил донесен од британски работници вработени во рударската индустрија, а играта, која во тоа време била речиси непозната, на крајот станала дел од идентитетот на целиот град.
Рекреативо никогаш не бил сила во шпанскиот фудбал, но успеа да направи големи чекори. Неговиот најбрилијантен период дојде на почетокот на новиот милениум. Во 2003 година, иако експресно испадна од Примера, клубот стигна до финалето на Копа дел Реј, каде што беше поразен од Мајорка, но самиот пласман во финалето останува еден од најголемите успеси во неговата историја.
Три години подоцна, пристигна уште една голема радост. Рекреативо ја освои втората лига и обезбеди промоција во Примера. Помина три сезони во првата лига, а нивниот најдобар резултат беше 8. место во сезоната 2006/2007 - за малкју им избега излез на европската сцена и остварување на сонот за фудбал на меѓународен план. Местото им го зеде Хетафе кој како иако беше едно место подолу, излезе во Европа како поразен финалист во Копа дел Реј благодарение на тоа што освојувачот Севиља беше трета.
И потоа дојде падот. Финансиските проблеми, лошиот менаџмент и спортските неуспеси го влечеа клубот уште пониско. Тимот кој некогаш беше домаќин на Реал Мадрид и Барселона почна да се бори само за опстанок. падна во втора, па во трета, па поради финансии беше префрлен и во петтата лига.
Сепак, Рекреативо не исчезна. Она што остана се навивачите, градот и сеќавањето на генерациите што пораснаа со клубот. За Уелва, тоа никогаш не беше само фудбалски тим, туку дел од неговиот идентитет.
Затоа Рекреативо има посебно место во Шпанија. Бидејќи најдобрите дресови не секогаш се оние што ги носат најпознатите клубови. Понекогаш највредните се оние што зад себе имаат приказна што вреди да се зачува.
Рекреативо во новава сезона ќе игра во четвртата лига, група 4, каде е уште еден поранешен прволигаш, Херес. Натпреварите ги игра на стадионот „Нуево Колумбино“, со капацитет од 21.670 седишта.
👏💙 El número de recreativistas alcanza los 11.000 abonados que siguen fiel a su costumbre
— Huelva Información (@huelva_info) August 17, 2026
➡️ Este viernes cierra la reserva de localidades #Recre @recreoficial https://t.co/2af5BV4WEG