Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Макфакс/Кајгана
/ 04.09.2026 / 01:48

Феран Торес за прв пат јавно проговори за заминувањето од Барселона, а неговите зборови сигурно нема да им се допаднат на челниците и навивачите на каталонскиот клуб.

Разделбата на Феран Торес и Барселона, не беше ниту пријатна, ниту пријателска. Без заедничка насмевка, без топол поздрав, човекот кој го реши финалето на Светското првенство и ѝ ја донесе на Шпанија титулата светски шампион се пресели на „Паркот на принцовите“ кон средината на август во трансфер вреден близу 50.000.000 евра.

Барселона сакаше да го продолжи неговиот договор, но проблемот беше клаузулата според која клубот мораше да му плати на Манчестер Сити 8.000.000 евра за потенцијално продолжување. Каталонците му предложија продолжување на договорот на својот напаѓач, но без зголемување на платата. Некои извори тврдеа дека дури и побарале од 26-годишникот да се согласи на намалување на платата. Напаѓачот без размислување одбил.

Спортскиот директор на шпанскиот шампион, Деку, брзо испали отровна стрела велејќи дека Барселона лесно ќе го замени Феран со играчи што веќе се во клубот, но дека за да се пополни местото на Роберт Левандовски, ќе бидат потребни сериозни засилувања.

Во меѓувреме, шпанскиот репрезентативец играше за двократниот европски шампион, постигна два гола против Рен на своето деби, а реши да ја врати отровната стрела во својот поранешен клуб со интересна изјава.

„Контактите со Пари Сен-Жермен започнаа уште пред Светското првенство. Ме повикаа и разговаравме. Дотогаш веќе донесов одлука, одлуката дека сакам да играм за клуб каков што е Пари Сен-Жермен. Тоа е чекор напред во мојата кариера. Исклучително сум горд што им се придружив на европските шампиони“, рече Феран, алудирајќи на фактот дека голот во финалето на Светското првенство против Аргентина не бил пресуден во одлуката на парижаните да го ангажираат.

Сепак, зборовите дека практично дури и пред да се врати од Светското првенство одлучил дека сака да се приклучи на Пари Сен-Жермен, се донекаде контрадикторни со изјавите по Светското првенство дека Барселона мора да покаже дека го сака.

Феран ја истакна и улогата на тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, односно спортскиот директор, Луис Кампос, во добивањето на неговата согласност.

„Секогаш велев дека Луис Енрике ми е како татко откако се приклучив на шпанската репрезентација. Секогаш веруваше во мене, а сега веруваше во мене доволно за да ме доведе во ПСЖ. Тој секогаш имаше големо влијание врз мојата самодоверба и се надевам дека сезонава ќе му се оддолжам. Енрике и Кампос се многу важни личности за мене. Им благодарам за довербата што ми ја покажаа. Се адаптирам полека. Тука сум веќе две недели и единствениот начин што ми е во моментов е да се подобрувам и да бидам подготвен за моите соиграчи. Едвај чекам да почнам да освојувам трофеи во овој неверојатен клуб.“

За да биде поинтересно, жрепката за Лигата на шампионите ги спои Пари Сен-Жермен и Барселона на „Паркот на принцовите“ на 20 октомври.

„Натпреварот против Барселона ќе биде посебен. Тие беа мои соиграчи 4 и пол години. Ќе биде возбудлив натпревар за мене и мојот тим. Натпреварите помеѓу Барселона и ПСЖ секогаш се толку посебни. Ќе се обидеме да победиме, но ќе видиме. ПСЖ е моментално најдобриот тим во Европа. Двапати ја освоија Лигата на шампиони, а тоа им става голем притисок на противниците. Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите трет пат по ред“, рече Феран, чиј поранешен клуб Барселона има освоено 5 европски титули, но последната е во 2015 година.

реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе