ФФМ ја исфрли Шкендија од Купот за следната сезона и ѝ изрече парична казна од 105 илјади евра

Филип Здравески
/ 03.06.2026 / 15:36

Дисциплинската комисија при ФФМ денеска ги донесе одлуките за казните од финалето на Купот на Македонија. Силекс го освои пехарот со победа од 1:0, но финалето мина во сенка на дивеењето на навивачите на тетовскиот клуб, а капак беше непојавувањето на тетовчани на церемонијата за доделувањето на медалите.

Навивачите на Шкендија за време на Куп финалето; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија од страна на навивачката група Балисти. Дополнително го казни клубот со 10.000 евра поради националистички скандирања и слогани со навредлива содржина на национална основа, како и со 20.000 евра поради истакнување транспарент со нацистичка содржина, за што веќе беа казнети од УЕФА.

Шкендија е казнета и со 30.000 евра и исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027 поради одбивање да ги прими медалите на свечената церемонија, како и поради деградирачки и непочитувачки однос кон официјалните лица и противничката екипа.

Покрај тоа, на Шкендија ѝ е изречена казна од 30.000 евра и забрана за присуство на публика на следните 4 домашни натпревари поради непочитување на националната химна, односно исвиркување и дискриминаторски однос за време на финалниот натпревар од Купот на Македонија.

Вкупната парична казна за Шкендија изнесува 105 илјади евра!

Другиот финалист, Силекс од Кратово, е казнет со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства од страна на навививачката група Кратери на финалниот натпревар од Купот на Македонија.

Дисциплинската комисија при ФФМ се изјасни и за недоличното славје на навивачите и фудбалерите на Вардар за освојувањето на титулата во првата лига.

Вардар се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради навредливо скандирање од страна на навивачите и несоодветна прослава на титулата од страна на фудбалерите.

Воедно, Дисциплинската комисија поведе постапка против Вардар поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33. коло против Шкендија.

реклама

Кога е препорачливо да избегнувате употреба на омекнувач за алишта?

Read more

Од италијанска гледна точка: Чудни работи во македонските маркети

Read more

Сообраќајни знаци што често ги збунуваат возачите: Кој има предност?

Read more

Веројатно погрешно ги чувате краставиците: Едноставен трик може да ги одржи свежи до две недели

Read more

Фудбал

Како навивачите на Светско ќе може да внесат вода за пиење на трибини?

Read more

Леао сака да го напушти Милан што е можно поскоро

Read more

Ремек-делото на Арда Ѓулер е гол на сезоната во Шпанија

Read more

ФИФА ги забрани вувузелите, но и пластичните шишиња со вода на трибините на Светско

Read more

Спорт

Како навивачите на Светско ќе може да внесат вода за пиење на трибини?

Читај повеќе

Леао сака да го напушти Милан што е можно поскоро

Читај повеќе
  • play_arrow

Ремек-делото на Арда Ѓулер е гол на сезоната во Шпанија

Читај повеќе

ФИФА ги забрани вувузелите, но и пластичните шишиња со вода на трибините на Светско

Читај повеќе

ФФМ останува на своето: Ако спонзорот на Шкендија сака да се повлече, тоа е нивна одлука и ќе ја почитуваме

Читај повеќе

Ќе има ли конечно дуел Роналдо - Меси на Светско?

Читај повеќе

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување од Македонија доколку ФФМ не ја повлече одлуката

Читај повеќе
  • play_arrow

Два комични автогола и петарда: По дебаклот од Зелен 'Рт, Србија потопена и од Мексико

Читај повеќе

Рејндерс го потврди трансферот на Думфрис во Реал: Голем чекор напред, среќни сме поради тоа

Читај повеќе