ФФМ ја укина котизацијата за второлигашите, Преспа потврдена

Филип Здравески
/ 19.08.2025 / 13:03

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука со која се укинува котизацијата за настап во втората лига (2.МФЛ).

„За прв пат по речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувањето“, објави ФФМ.

Вкупната финансиска сума од која се ослободуваат клубовите со оваа мерка изнесува 128.000 евра за една натпреварувачка сезона. „Ова претставува директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност“, додаде Федерацијата. Котизациијата по клуб изнесуваше 8.000 евра.

ФФМ го потврди и она што веќе се знаеше, а се чекаше само официјализација: Преспа од Ресен го зазема местото на откажаната Беса 1976 од Добри Дол, Гостиварско.

„Имајќи предвид дека ФК Беса 1976 повеќе нема да се натпреварува во сезоната 2025/2026, ФФМ донесе одлука испразнетото место да го пополни ФК Преспа. На тој начин се гарантира заштитата на интегритетот, континуитетот и натпреварувачката рамнотежа, како и доследното почитување на фер-плеј принципите во 2.МФЛ.“

Сезоната за второлигашите почнува викендов, а сите осум натпревари се закажани за в сабота од 17:00 часот, и тоа:

Неготино: Вардар - Тетекс
Штип: Брегалница - Кожуф
Новаци: Новаци - Победа
Македонска Каменица: Саса - Осогово
Ресен: Преспа - Шкендија 77
Охрид: Охрид Лихнидос - Беласица
Скопје: Скопје - Слога 1934
Големо Коњари: Големо Коњари - Дет. Плачковица

Тагови
реклама

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Јупитер ги отвора вратите кон парите за 4 хороскопски знаци ова лето

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Фудбал

Вака не игра тим што ја сака титулата: ДР Конго откина историски бод од Португалија

Read more

Како со камења да фрлале кон боговите: Англичаните имаат проблеми за кои немаат решенија

Read more

Роналдо: Дали сега на сите им е јасно дека Меси е најдобриот на сите времиња?

Read more

Скромна аргентинската 10-ка: Убаво е, но сè е само статистика

Read more

Спорт

  • play_arrow

Вака не игра тим што ја сака титулата: ДР Конго откина историски бод од Португалија

Читај повеќе

Како со камења да фрлале кон боговите: Англичаните имаат проблеми за кои немаат решенија

Читај повеќе

Роналдо: Дали сега на сите им е јасно дека Меси е најдобриот на сите времиња?

Читај повеќе
  • play_arrow

Скромна аргентинската 10-ка: Убаво е, но сè е само статистика

Читај повеќе

НБА сруши рекорд: Најгледанo финалe од времето на Џордан и Булс

Читај повеќе

Спалети од управата на Јувентус побарал да му го донесат Елмас

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбај има само 18 години и веќе му нема рамен во Африка: Поранешниот Французин влезе во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд не глуми лажна скромност: Првиот гол ми беше убав, вториот уште поубав

Читај повеќе

Најстарите фудбалери на СП 2026: Од ѕвезди до анонимуси кои го живеат мундијалскиот сон

Читај повеќе