ФФМ како џандар збира: Казнети 9 клубови, играч и тренер со вкупно 26 илјади евра

Филип Здравески
/ 19.05.2026 / 17:35

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија имаше полни раце работи поради низа инциденти, а на крајот казни 9 клубови, еден играч и еден тренер со вкупна парична казна од 26 илјади и 600 евра.

Фото: ФФМ

Најлошо мина кавадаречки Тиквеш кој на ФФМ ќе мора да ѝ плати дури 10 илјади евра поради изречени две идентични казни од по 5 илјади евра.

Касата на ФФМ за по 5 илјади евра ќе ја збогатат штипска Брегалница и тетовска Шкендија, скопски Вардар ќе „донира“ 3.500, битолски Пелистер 2.500, а арачиновска Шкендија 77 „само“ илјада евра.

Казнети со по 500 евра се играчот и тренерот на Шкендија, репрезентативецот Имран Фетаи и стратегот Јетон Беќири.

  • 10.000€ ГФК Тиквеш
  • 5.000€ ФК Брегалница
  • 5.000€ ФК Шкендија
  • 3.500€ ФК Вардар
  • 2.500€ ФК Пелистер
  • 1.000€ ФК Шкендија 77
  • 500€ Имран Фетаи
  • 500€ Јетон Беќири
  • 300€ ФК Осогово
  • 150€ ФК Дет. Плачковица
  • 150€ ФК Саса

Вкупно: 26.600

Во прилог образложението на Дисциплинската комисија при ФФМ за секоја казна:

– Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот;

– ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

– ФК Вардар се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

– ФК Шкендија се казнува со парична казна од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга.

– ФК Вардар се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Вардар и ФК Силекс.

– ФК Шкендија 77 се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница и ФК Шкендија 77.

– ФК Осогово се казнува со парична казна од 300 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Осогово и ФК Шкендија 77.

– ФК Детонит Плачковица се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 25. коло меѓу ФК Детонит Плачковица и ФК Брегалница.

– ФК Каменица Саса се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Каменица Саса и ФК Охрид Лихнидос.

– Фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно кршење врата по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

– Шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно вербален напад врз припадници на МВР по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

– ФК Брегалница се казнува со парична казна од 5.000 евра поради слаба организација, присуство на неслужбени лица и недозволен број редари на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница и ФК Шкендија 77.

– ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради истакнување банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

– ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради користење пиротехнички средства и топовски удари, како и попречување на камерман при вршење директен пренос на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Како изгледа најмалата земја што игра на Светско: Курасао е карипски рај со европски потпис

Read more

„Протече“ тајниот договор: Иран доби милијарди од Катар, САД тивко го одобрија планот

Read more

Фудбал

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Read more

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Read more

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Read more

Вардар квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги почне против финскиот шампион

Read more

Спорт

Ноа Лајлс постави светски рекорд на 150 метри

Читај повеќе

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Читај повеќе

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Читај повеќе

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Читај повеќе

Вардар квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги почне против финскиот шампион

Читај повеќе

Претседателот си ги однел љубовницата и сопругата на Светското, на сметка на Бразилската конфедерација

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо ги критикуваше Анчелоти и Бразил

Читај повеќе

Нов скандал со Иран: Американската виза на Мехди Тораби истече по првиот меч

Читај повеќе
  • play_arrow

Биелса незадоволен од ремито: Моравме да ја победиме Саудиска Арабија

Читај повеќе