ФФМ се премисли: Бесплатен влез на пријателската со Латвија

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека се прекинува продажбата на билети за натпреварот в четврток против Латвија и дека влезот на трибините ќе биде слободен за сите граѓани.

Фото: ФФМ

Македонија в четврток од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе одигра пријателска против Латвија, како подготовка за клучниот мундијалски квалификациски натпревар на гости против Велс во Кардиф.

Иако билетите за овој меч веќе некое време беа во продажба, на два дена пред дуелот ФФМ се премисли и одлучи влезот да биде слободен. Не ги објави причините за овој пресврт, но веројатно слабата продажба е главната причина за овој потег.

„Ова е наш начин да изразиме благодарност до сите поддржувачи за нивната безрезервна поддршка во текот на целата година. Ве покануваме заедно да создадеме уште една убава атмосфера и да им дадеме силна поддршка на нашите фудбалери на последниот натпревар пред домашната публика оваа година и поттик за последниот квалификациски меч против Велс во Кардиф“, соопшти ФФМ.

Фактот што станува збор за пријателска и крајно неатрактивниот противник кој лани гостуваше во Скопје во рамките на Лигата на нации ја натера ФФМ да ги отвори вратите во обид да привлече што повеќе гледачи на 30-илјадниот стадион.

Претходно селекторот Благоја Милевски рече дека доколку би можел не би ја играл оваа пријателска бидејќи е пред важен меч и најави дека шанса ќе им даде на оние со помала минутажа.

ФФМ објави и дека сите оние кои веќе купиле влезница за овој натпревар ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен натпревар на репрезентацијата, без разлика дали ќе се работи за бараж за пласман на Светското првенство или за натпревар од друг карактер.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Фудбал

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Read more

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Read more

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Read more

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Read more

Спорт

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Читај повеќе

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе