ФИФА деградираше 12 светски шампиони

Макфакс/Кајгана
/ 23.07.2025 / 20:50

ФИФА почна да ја прекројува сопствената историја. За да се наметне важноста на Светското првенство за клубови со 32 екипи што неодамна се одржа во САД, од Цирих, на предлог на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на 12 клубови им беше одземен статусот на светски шампион остварен во периодот од 2000 до 2023 година.

Наместо светски шампиони, сите беа „наградени“ со победници на Интерконтиненталниот куп.

Само Челси го задржа статусот на светски шампион благодарение на триумфот од оваа година, но остана без титулата освоена во 2021 година.

ФИФА го започна Светското клупско првенство во 2000 година во формат со 7 екипи. Натпреварувањето го замени поранешниот Интерконтинентален куп, започнат во 1960 година, во кој победниците на Купот на европските шампиони и победникот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес играа за неофицијалната титула светски шампион.

По предлог на тогашниот претседател на ФИФА, Зеп Блатер, Интерконтиненталниот куп беше заменет во 2000 година со турнир на кој учествуваа шампионите на шесте конфедерации, а привилегијата да им се придружи му беше дадена на претставник на земјата домаќин.

„Светското клупско првенство е мојата најголема грешка. ФИФА не треба да организира клупски натпреварувања, нејзина работа се националните тимови“, неодамна призна Блатер во едно интервју.

Инфантино ја наследи грешката, не се обиде да ја поправи, туку ја унапреди.

По долга борба и четиригодишно одложување поради ковид-пандемијата, ФИФА успеа да го организира Светското клупско првенство со 32 екипи. Во исто време, не го укина малиот формат. Натпреварувањето што се нарекуваше Светско клупско првенство беше преименувано во Интерконтинентален куп, но без никаква врска со поранешното натпреварување со истото име.

Првиот нов Интерконтинентален куп се играше оваа година и едвај беше забележан.

Траеше од септември до декември и беше поделен на Куп на Африка-Азија-Пацифик, Дерби на Америка, Челинџер куп и финале во кое директно промовираниот Реал Мадрид ја победи мексиканската Пачука (3:0). Мадридскиот тим со тоа го освои натпреварувањето за прв пат во кое претходно трипати победи (1967, 1998, 2002).

ФИФА не објасни дали победниците на помалата верзија на Светското клупско првенство ќе бидат рангирани еднакво на ранг-листата за трофеи со победниците на новиот Интерконтинентален куп, кој веќе е рангиран над поранешното истоимено натпреварување.

Одземени титули светски клупски првак:

реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Фудбал

Понуда од 1.000.000.000 во кеш за купување на Јувентус

Read more

Анчелоти добил понуда да го продолжи договорот

Read more

Дали „обичните смртници“ ќе дојдат до влезници за Светското?

Read more

Заврши есенскиот дел во македонската втора лига

Read more
 

Спорт

Понуда од 1.000.000.000 во кеш за купување на Јувентус

Читај повеќе

Анчелоти добил понуда да го продолжи договорот

Читај повеќе

Дали „обичните смртници“ ќе дојдат до влезници за Светското?

Читај повеќе
  • play_arrow

Неуништливата Вон со 41 година славеше во Сент Мориц и влезе во скијачката историја

Читај повеќе

Заврши есенскиот дел во македонската втора лига

Читај повеќе

Слот: Ќе разговарам со Салах, од него зависи дали утре ќе биде во тимот

Читај повеќе

Бензема: Проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ речиси не промаши и ги уништи Кингс

Читај повеќе

Реалност или лудост: Џејк Пол планира да го нокаутира Џошуа пред седмата рунда

Читај повеќе