ФИФА ѝ одзеде 3 бода на Јужна Африка

Макфакс/Кајгана
/ 01.10.2025 / 08:38

Дисциплинската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) ѝ одзеде 3 бода на Јужна Африка во квалификациите за Светското првенство 2026.

Како што објави ФИФА, за оваа репрезентација на 21 март против Лесото настапил фудбалер со парни жолти картони. Администрацијата на националниот тим на популарните „Бафана Бафана“ наравила голем пропуст, не провериле дека Тебохо Мокоена немал право на настап. Инаку, Јужна Африка го доби натпреварот со 2:1.

Откако ФИФА ја изрече казната го регистрираше натпреварот со 3:0 за Лесото. Со тоа, Јужна Африка ги изгуби бодовите освоени за победата и остана без бодови од овој натпревар.

Исто така, Јужноафриканската фудбалска асоцијација е казнета со 10.000 швајцарски франци.

Јужна Африка сега е на второто место на квалификациската група Ц со 14 бодови, како и првопласираниот Бенин, а Нигерија и Руанда имаат по 11.

До крајот на квалификациите, Јужна Африка гостува кај Зимбабве и ја пречекува Руанда. Победникот од групата ќе обезбеди директно пласман на Светското првенство, а второпласираниот ќе има шанса низ интерконтиненталниот бараж да се избори за место на Мундијалот во Канада, САД и Мексико.

реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Фудбал

Понуда од 1.000.000.000 во кеш за купување на Јувентус

Read more

Анчелоти добил понуда да го продолжи договорот

Read more

Дали „обичните смртници“ ќе дојдат до влезници за Светското?

Read more

Заврши есенскиот дел во македонската втора лига

Read more
 

Спорт

Понуда од 1.000.000.000 во кеш за купување на Јувентус

Читај повеќе

Анчелоти добил понуда да го продолжи договорот

Читај повеќе

Дали „обичните смртници“ ќе дојдат до влезници за Светското?

Читај повеќе
  • play_arrow

Неуништливата Вон со 41 година славеше во Сент Мориц и влезе во скијачката историја

Читај повеќе

Заврши есенскиот дел во македонската втора лига

Читај повеќе

Слот: Ќе разговарам со Салах, од него зависи дали утре ќе биде во тимот

Читај повеќе

Бензема: Проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ речиси не промаши и ги уништи Кингс

Читај повеќе

Реалност или лудост: Џејк Пол планира да го нокаутира Џошуа пред седмата рунда

Читај повеќе