фифа светско првенство 2026 канада/сад/мексико

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Макфакс/Кајгана
/ 06.12.2025 / 16:59

ФИФА одлучи да врати правило кое не се применуваше на Светските првенства 20 години.

Во петокот во Вашингтон се одржа жрепката за групната фаза на Светското првенство, кое ќе се игра во јуни и јули 2026 година.

Ова ќе биде првото светско првенство со 48 репрезентации, кои се поделени во 12 групи од по 4 репрезентации.

Првите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата, како и осумте најдобри третопласирани.

ФИФА реши да воведе промена во одредувањето на пласманот во групата. Имено, ФИФА одлучи да врати правило кое не се користеше на Мундијалите 20 години, од Мундијалот во 2006 година во Германија.

Првиот критериум за одредување на рангирањето (доколку екипите се изедначени) повеќе нема да биде вкупната гол-разлика во групата, туку меѓусебниот дуел. На последните четири Светски првенства за пласманот на табелата решаваше гол-разликата.

Секако, при одредувањето на најдобрите третопласирани репрезентации, прво ќе се гледаат освоените бодови, а потоа и вкупната гол-разлика.

Тагови
реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Фудбал

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Read more

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Read more

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Read more

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Read more
 

Спорт

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе