Франческо Тоти се враќа во Рома

Макфакс/Кајгана
/ 16.02.2026 / 19:21

Легендата на Рома, Франческо Тоти, потврди дека е во преговори за враќање на „Олимпико“, во улога на директор. Клаудио Раниери, спортскиот директор Фредерик Масара и тренерот Џан Пјеро Гасперини веќе разговарале на оваа тема.

Сега, за прв пат, поранешниот капитен на Рома даде изјава, по повод неговото враќање во клубот.

„Отсекогаш сум бил навивач на Рома и за мене Рома е втор дом. Секогаш било така, без разлика дали сум во клубот или не. Задоволен сум од она што го прават, од начинот на кој се движат работите. Во последно време имаше некои гласини за мене. Вистина е, разговараме, дискутираме за некои детали и одлучуваме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја решиме оваа ситуација“, рече Тоти и додаде:

„Гасперини одлично ја врши работата. Се надеваме дека што поскоро ќе ја врати Рома во Лигата на шампионите. Вечерав со него. Разговаравме за фудбал и за сите други работи“, рече Принцот на Рим во интервју за Sky Sport Italia.

Според италијанските медиуми, идејата на раководството на Рома е Тоти да ја преземе улогата на технички директор на клубот.

Франческо ја помина целата своја фудбалска кариера во Рома, постигна 307 голови на 786 натпревари. Тоти со Рома ја освои Серија А во сезоната 2000/2001.

реклама

Фудбал

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Read more

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Read more

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Read more

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Read more
 

Спорт

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Читај повеќе

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Читај повеќе

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Читај повеќе

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Читај повеќе

Пеп пред соочувањето со Реал: Кој не верува во пресврт, нека седи дома

Читај повеќе

Седлоски го откри составот за мундијалскиот бараж против Данска

Читај повеќе

Лапорта убедливо победи, останува претседател на Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Леао „откачи“ кога излезе од игра против Лацио

Читај повеќе

Еден Азар под истрага

Читај повеќе