Фратели д'Италија и Денес над Македонија згрмеа во Битола
Фудбалски празник во Битола. Репрезентациите за играчи до 21 година на Македонија и Италија играат квалификациски натпревар на новиот стадион „Петар Милошевски“ во Градот на конзулите. Битолчани громогалсно ја поздравија италијанската химна „Фратели д'Италија“, а потоа ја испеаја македонската „Денес над Македонија“.