УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2024/2025

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Огорчениот Манчестер Јунајтед нема причина за славење, со оглед на тоа што штотуку ставија крај на катастрофална сезона. Имаа можност да се искупат за еден од најлошите настапи во историјата на клубот во Премиер лигата преку освојување на Лига Европа, но го потрошија залудно...

Јунајтед го загуби европското финале од Тотенхем, за кој заврши 18-годишната суша без трофеи. Тимот е разочаран, а навивачите се бесни поради пропуштената шанса. Еден од играчите на „Црвените ѓаволи“ кој го дели мислењето на навивачите, е Алехандро Гарначо, кој имаше што да каже по финалето во Билбао.

Аргентинецот ја доби својата шанса дури во 71. минута како офанзивно решение за бркање на негативата. Имаше многу тешка задача која не беше ни блиску до исполнување. На крајот, Манчестер го загуби финалето и шансата да игра во Лигата на шампионите следната сезона, а Гарначо беше многу разочаран.

Зборувајќи за медиумите, имаше и што да каже:

„Јасно е дека е тешко за сите нас по ваква сезона, која беше навистина лоша, а и сега, и по поразот во Комјунити Шилд. Не сме победиле никого, дури ни во Премиер лигата. Ситуацијата е тешка“, рече Гарначо.

20-годишникот, исто така, размислуваше за својата улога, односно за нејзиниот недостаток:

„До финалето играв секое коло и му помагав на мојот тим. Потоа доаѓа време за финале и играм само 20 минути. Не знам зошто испадна така“.

Потоа Гарначо се осврна на својата ситуација во клубот, која можеби е нестабилна по фрустрирачкото финале:

„Овој натпревар може да има влијание, но целата сезона, ситуацијата во клубот... Ќе се обидам да уживам во паузата колку што е можно повеќе и ќе видиме што ќе се случи во иднина“, заклучи Аргентинецот.

Неговите коментари не се далеку од вистината. Гарначо беше во почетниот состав на 10 од 15-те одиграни натпревари, а ова е воедно и единствениот натпревар од нокаут-фазата во кој не беше стартер.

Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, имаше краток коментар за отсуството на Аргентинецот од финалето:

„Лесно е да се зборува за тоа откако ќе заврши“.

Едно е јасно - Манчестер е во голема неволја. Се надеваа дека освојувањето на Лига Европа ќе го подобри нивниот имиџ, а воедно ќе донесе и пари поради квалификувањето во Лигата на шампионите. Сега ќе мора да ги прилагодат своите планови и само „летно чудо“ може да го донесе големиот пробив на кој се надеваат.

реклама

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Read more

Фудбал

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Read more

Сите голови од 24. коло во втората лига

Read more

Артета разочаран по шокантниот пораз од Борнмут: Болен удар

Read more

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more
 

Спорт

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од 24. коло во втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Артета разочаран по шокантниот пораз од Борнмут: Болен удар

Читај повеќе

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе