За разлика од репрезентацијата на Узбекистан, која веќе се квалификуваше за Мундијалот 2026, италијанската репрезентација сè уште само сонува за пласман во Канада, САД и Мексико. Тоа беше причина селекторот на „Аѕурите“, Џенаро Гатузо, „завидно“ да го нападне својот сонародник и колега од клупата на поранешната советска република, Фабио Канаваро, на вчерашната прес-конференција.
Бидејќи Канаваро се појави во преден план откако неговиот претходник Тимур Кападзе веќе постигна историски успех со Узбеците, а локалната федерација одлучи да ја довери на некој чие име одекнува низ целата планета.
„Му се јавив на Канаваро и му кажав колку еб*н среќник е. Ќе ставиш парфем и гел на косата и спремен си за Мундијалот, а јас сум тука во рововите“, рече Гатузо за својот пријател и поранешен соиграч од зелените терени, пред важните натпревари со Израел и Естонија.
Гатузо и Канаваро до неодамна водеа тренерски битки во Хрватска, додека Рино беше тренер на сплитски Хајдук, а Фабио го водеше неговиот вечен ривал Динамо од Загреб.
#Gattuso scherza su #Cannavaro: "Lui si mette il profumo ed è già pronto per il Mondiale"#SkySport https://t.co/IrzBCht16r
— skysport (@SkySport) October 7, 2025
Што се однесува до моменталната работа на Гатузо, тој и неговите Италијанци се втори на табелата во Група И, со 6 бодови и натпревар помалку зад Норвешка, а сегашната работа ја доби по отпуштањето на Лучано Спалети.
Италија в сабота од 20:45 игра против Естонија во Талин, а потоа во вторник го пречекува Израел во Удине.