Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Џенаро Гатузо е сè поблиску до назначување за нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација.

Четириесет и седумгодишниот стручњак до неодамна го водеше Хајдук во борбата за титула во Хрватска, пред да го заврши соработката со клубот од Сплит.

Ситуацијата се разви по тешкиот пораз на Италија од Норвешка со 3:0, што дополнително го загрози пласманот на Светското првенство следната година. Италијанците ги пропуштија последните две изданија на турнирот, а по најновиот неуспех, позицијата на селекторот Лучано Спалети беше доведена во прашање. Иако првично доби поддршка од Сојузот, наскоро беше постигнат договор за негово заминување.

Потрагата по нов селектор продолжи. Кандидати како Клаудио Раниери, Стефано Пиоли и Роберто Манчини ја одбија можноста за преземање, па кругот на потенцијални наследници значително се стесни. Меѓу имињата се појавија Гатузо и Фабио Канаваро, двајцата поранешни членови на репрезентацијата која во 2006 година го освои Светското првенство. Според достапните информации од Италија, Гатузо е во предност.

Во изминатите денови, Гатузо редовно комуницираше со Џанлуиџи Буфон, поранешен соиграч и сегашен висок функционер на Италијанскиот фудбалски сојуз, кој силно го поддржува неговото доаѓање. Како што пренесува Микеле Криситиело, уредник на Sportitalia, по бројни разговори одлуката е практично донесена. Остава уште денешниот состанок со претседателот на Сојузот, Габриеле Гравина, на кој треба да се договори сè.

„Белиот чад се ближи“, напиша Криситиело и додаде дека можно е Гатузо веќе утре, в петок наутро, официјално да ја преземе функцијата селектор. Ова ја потврдува неговата често повторувана изјава дека тренерската работа е непредвидлива, од раскинот со Хајдук до можноста за водење на италијанската репрезентација, сè во рок од неколку дена.

реклама

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Фудбал

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Read more

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Read more

Маурицио Сари примен во болница

Read more

Каде исчезна Чеферин?

Read more
 

Спорт

АБА со 18 клубови: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Читај повеќе

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Читај повеќе

Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ во ист тим? Нешто се готви...

Читај повеќе

Русија нема право на настап на Олимписките игри, но сака да биде домаќин

Читај повеќе

Уште една ѕвезда ги напушти Санс: Бредли Бил има нов клуб

Читај повеќе

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Читај повеќе

Маурицио Сари примен во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде исчезна Чеферин?

Читај повеќе

Дали ни е потребна американизација на фудбалот? Првиот обид не успеа, сега доаѓа најлошото

Читај повеќе