Гросо е нов тренер на Фиорентина

Макфакс/Кајгана
/ 09.06.2026 / 10:02

Фабио Гросо е новиот тренер на Фиорентина, објави синоќа клубот од Фиренца.

Во соопштението за медиумите се наведува дека Гросо потпишал договор со Виола до 30 јуни 2028 година.

Тој го замени Паоло Ваноли, кој ги напушти „Виолетовите“ пред три дена. Гросо (48) го водеше Сасуоло во претходните две сезони, а пред тоа ги водеше Олимпик Лион, Фрозиноне, Сион, Бреша, Верона и Бари.

„Веруваме дека Фабио има карактер, метод и ентузијазам што ќе ни помогне да изградиме посилна, поконкурентна Фиорентина која ќе остане верна на својот идентитет. Го пречекуваме со голема доверба“, истакна претседателот на клубот, Џузепе Комисо.

„Навистина сум среќен што можам да ја искористам оваа извонредна можност. Пристигнувам во престижен клуб, со страсни навивачи и град кој го живее фудбалот со голем интензитет. Никогаш не сакам да давам ветувања, но свесен за одговорностите што ме чекаат, чувствувам дека веднаш можам да гарантирам сигурност, професионализам и вклученост во градењето на храбар и амбициозен тим“, беа првите зборови на Гросо.

Фудбалерите на Фиорентина ја завршија сезоната во Серија А на 15-тото место на табелата откако долго време беа во зоната за испаѓање.

Гросо ќе има задача да ја врати популарната Виола во горниот дел од табелата, односно на местата кои водат во европските купови.

Поранешниот лев бек има 48 настапи за Италија и 4 постигнати голови, а беше дел од златната генарација која го освои Светското првенство 2006 во Германија. Всушност, Гросо го постигна одлучувачкиот удар во пенал-рулетот во финалето против Франција, и неговата прослава стана легендарна.

Remote video URL
реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Фудбал

Невообичаена сцена на прошталниот меч на Меси: Судијата му ги подари картоните за спомен

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Read more

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Спорт

  • play_arrow

Невообичаена сцена на прошталниот меч на Меси: Судијата му ги подари картоните за спомен

Читај повеќе

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе