Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

На натпреварот помеѓу Портсмут и Кардиф, кој се играше вчера во рамките на 5-тото коло од Чемпионшип, се случи инцидент во кој гостинскиот играч Кристијан Биелик влезе во физичка пресметка со млад навивач. Сето тоа се случи во 70-тата минута на стадионот Фратон Парк, кога Портсмут водеше со 2:0. Натпреварот заврши со тој резултат.

Поранешниот ученик на фудбалската академија на Арсенал се обиде да ја добие топката што заврши на трибините. Видеото од инцидентот покажува дека навивачот ја фрла топката подалеку од него, на што Биелик реагира фаќајќи го навивачот за врат и туркајќи го. Младиот навивач потоа стана и се обиде да возврати.

Натпреварот беше накратко прекинат, а навивачот кого Биелик го зграби за врат беше отстранет од стадионот. Биелик не беше санкциониран.

Изјави по натпреварот

Тренерот на Кардиф, Брајан Бери-Мерфи, рече дека навивачот го удрил Биелик и ја пофали реакцијата на судијата.

„Сакав да проверам дали е заштитен и дали е добро, и беше. Судијата и неговите помошници се справија со ситуацијата беспрекорно, според мене. Тој рече дека јасно видел што се случило, ги смирил сите и ја спровел правилната постапка. Играчите постојано се изложени на неприфатливи ситуации“, рече тој.

Менаџерот на Портсмут, Џон Мусињо, им се извини на Кардиф и нивните играчи.

„Судијата објасни дека настанала тензија кога Кристијан тргнал по топката и еден навивач го удрил. Не беше убаво да се види тоа. Само што го видов и е добро, но тоа не е важно, вакви работи не треба да се случуваат. Сакаме да создадеме вжештена атмосфера на Фратон Парк, во што успеавме во последните години. Понекогаш се преминува границата, го разбирам тоа, но не мислам дека има потреба од вакви сцени. Им се извинуваме на играчите и на Кардиф и ќе направиме сѐ што можеме за да се осигураме дека ова нема да се повтори.“

Тагови
реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе