Интер со најголема заработка меѓу италијанските клубови во историјата на ЛШ

Челниците на Интер ги тријат рацете од задоволство по досегашниот настап на тимот во Лигата на шампионите.

Тимот од Милано заработи речиси 200 милиони евра од учеството оваа сезона во друштвото на најдобрите, што е повеќе од кој било друг клуб од Серија А досега. И тоа не е сè.

Клубот ќе добие уште 10,5 милиони евра доколку го освои трофејот. Од нив, 6,5 милиони евра се за триумфот во Лигата на шампионите, додека останатите 4 милиони евра се за учеството во Суперкупот на УЕФА, во кој освојувачот на Лигата на шампионите на 13 август на стадионот „Фриули“ во Удине ќе се соочи со освојувачот на Лига Европа (Тотенхем или Манчестер Јунајтед).

Според италијанските медиуми, Интер заработил 133 милиони евра од награди во Лигата на шампионите и околу 60 милиони евра од продажба на билети за меѓународни натпревари во сезоната 2024/2025.

Речиси 200 милиони евра заработени од елитното европско натпреварување оваа сезона се најголемата сума што некогаш ја заработил италијански клуб и речиси двојно повеќе од она што „Нероаѕурите“ го заработија пред две години, кога стигнаа до финалето на Лигата на шампионите. Тогаш инкасираа 101 милион евра.

„Чест ни е што играме во финалето на Лигата на шампионите затоа што го заслужуваме тоа. Оваа група е заедно со тренерот четири години. Ние сме меѓу европската елита, и тоа заслужено“, рече претседателот на Интер, Џузепе Марота.

реклама

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе