Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Јувентус успеа да направи мала реконструкција на својот тим за време на летниот преоден рок доведувајќи 9 нови играчи и менувајќи 11 од несаканите на Лучано Спалети, но за прв пат во модерната ера „Старата дама“ не продаде ниту еден играч од првиот тим преку траен трансфер.

Јувентус не продаде ниту еден играч од првиот тим во летниот преоден рок 2026 година

Јуве донесе три нови опции на позицијата централен напаѓач во Рандал Коло Муани, Ник Волтемаде и Џеф Екатор, нов креативен играч во Керим Алајбеговиќ, нов централен играч за врска во Пап Матар Сар, двајца нови дефанзивци во Џон Лукуми и Зеки Челик, и двајца голмани во Гуљелмо Викарио и Камил Грабара. 

Спалети сметаше дека додавањата на позицијата централен напаѓач се особено итни по заминувањето на Душан Влаховиќ како слободен играч по истекот на неговиот договор на 30 јуни. 

Влаховиќ е еден од 11-те играчи од првиот тим со кои Јувентус се раздели во текот на летото. Филип Костиќ исто така беше ослободен, Матиа Перин беше предаден на Палермо како слободен играч, а договорот на Артур Мело беше раскинат со взаемна согласност.

Останатите 7 играчи со кои Јувентус се раздели ова лето, сите заминаа на позајмица, некои со опција за откуп, која нема да се активира до 2027 година, а некои се едноставно привремени позајмици. Тоа се Лоис Опенда (Лион, позајмица), Жонатан Давид* (Атлетико, позајмица), Микеле Ди Грегорио (Борнмут, позајмица), Жуау Мариу (Фиорентина, позајмица), Јонас Рухи (Карарезе, позајмица), Василије Аџиќ (Сасуоло, позајмица) и Фабио Мирети (Бешикташ, позајмица). За некои од позајмиците Јуве наплати по некој милион.

Според La Gazzetta dello Sport, ова е прв пат во модерната ера Јувентус да помине цел летен преоден рок без да продаде ниту еден сениорски играч. Најблиску до тоа беа во 2023 година, кога само Денис Закариа му се придружи на Монако во единственото трајно заминување на „Бјанконерите“ тоа лето.

*Хаиќанец кој игра за Канада каде на англиски го изговараат Џонатан Дејвид.

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе