Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, вреди 343 милиони евра и е најскапиот фудбалер во светот, пред Ерлинг Холанд и Килјан Мбапе, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).
Швајцарскиот завод за статистика има своја методологија за одредување цени. Јамал, 18-годишниот европски шампион со Шпанија, е на чело на листата пред напаѓачот на Сити, Ерлинг Холанд, вреден 255 милиони евра, и асот на Реал, Килјан Мбапе, вреден 201 милион евра.
Листа на најскапи фудбалери според CIES:
1. Ламин Јамал (Барселона) – 343 милиони евра
2. Ерлинг Холанд (Манчестер Сити) – 255 милиони
3. Килјан Мбапе (Реал Мадрид) – 201 милион
4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 153 милиони
5. Микаел Олисе (Баерн) – 137 милиони
6. Флоријан Вирц (Ливерпул) – 136 милиони
7. Дезире Деу (ПСЖ) – 135 милиони
8. Жоао Невеш (ПСЖ) – 131 милион
9. Арда Гулер (Реал Мадрид) – 130,3 милиони
10. Педри Гонзалес (Барселона) – 130 милиони