Шпанската репрезентација доби добри вести во врска со состојбата на Ламин Јамал пред натпреварот против Зелен 'Рт (денеска во 18 часот).
Младиот напаѓач на Барселона се опоравува од повреда на мускулот поради која во последните недели беше под посебен медицински надзор, а тренерот Луис де ла Фуенте потврди на прес-конференција дека 18-годишникот е подготвен да се врати на теренот.
Според планот на шпанската репрезентација, Јамал нема веднаш да биде оптоварен со целосни минути, но веќе би можел да добие неколку минути на следниот натпревар.
Луис Де ла Фуенте нагласи дека лекарите дале зелено светло за неговиот настап и дека играчот се чувствува добро.
„Добрата вест е дека Ламин е во многу добра форма... се чувствува многу добро“, рече Де ла Фуенте на вчерашната прес-конференција.
„Лекарите ни велат дека Ламин е во совршена состојба да игра неколку минути утре“.