Манчестер Јунајтед брзо реагираше откако пропадна трансферот на Бразилецот Едерсон од Аталанта поради проблеми со медицинските прегледи и 99% го договори доаѓањето на Јури Тилеманс од Астон Вила.
Најдобриот белгиски фудбалер на Светското првенство 2026 ја потврди полната играчка зрелост прикажана минатата сезона во Премиерлигата, па Јунајтед не се двоумеше да ја активира неговата откупна клаузула од 35 милиони фунти.
Астон Вила е во мат ситуација, го плаќа цехот на малата откупна клаузула, а сите напори да го задржат Белгиецот со тоа што ќе му понудат нов договор се попречени од желбата на играчот да се пресели на „Олд Трафорд“.
Унаи Емери дури и лично разговарал со белгискиот репрезентативец, но Јунајтед нуди подобри услови и засега Тилеманс е на добар пат да го реализира трансферот.
🚨 Youri Tielemans move from Aston Villa to Manchester United through £35m release clause in midfielder’s contract. #AVFC had no wish to sell + offered new deal but left with little choice due to mechanism & #MUFC set to proceed on transfer @TheAthleticFC https://t.co/KbWwD1jxov
— David Ornstein (@David_Ornstein) July 13, 2026
Белгиецот дојде на „Вила Парк“ од Лестер како слободен агент летото 2023 година. Иако е под договор до 2028 година, Астон Вила постави лесно достапна клаузула.
Минатата сезона Тилеманс одигра само 35 натпревари, со 2 гола и 7 асистенции. Во три наврати беше надвор од теренот поради повреди, но на крајот даде целосен придонес за одличната сезона на клубот од Бирмингем, крунисана со освојување на Лига Европа, каде што беше и стрелец во финалето против Фрајбург (3:0).
Тилеманс кариерата ја почна во младинските категории на Андерлехт, за кого играше и во сениорскиот тим. Следуваше трансфер во Монако, од каде замина во Лестер. За Белгија има 90 настапи и 15 голови и бронза од Мундијалот 2018 во Русија.