УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2026/2027

Јунајтед ја прекина очајната серија со чудесен пресврт против Рома, ПСЖ постави рекорд

Фудбалерите на Манчестер јунајтед успеаја да ја прекинат својата очајна серија од 9 натпревари без победа во сите натпреварувања, остварувајќи чудесен пресврт и победа од 3:2 против Рома синоќа на „Олд Трафорд“, во 4. коло од Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ беа на работ на уште еден пораз бидејќи Рома имаше предност од 2:1 сè до самиот крај. Сепак, Матеус Куња постигна два гола и му донесе пресврт на домашниот тим.

Рома пристигна во Манчестер во одлична форма. Со 28 постигнати голови во 10 кола, „Римјаните“ се најефикасниот тим во Серија А – факт што го потврдија на „Олд Трафорд“ уште во првите 17 минути.

Карик направи неколку измени по поразот од Челси. Лисандро Мартинес изостана од составот, а шанса во одбраната доби младиот Ајден Хевен. Коби Мејну се врати во средниот ред по закрепнувањето од повреда, формирајќи партнерство со Карлос Балеба за прв пат.

Во нападот немаше промени. Бруну Фернандеш играше зад Брајан Мбеумо, додека Амад Диало и Матеус Куња дејствуваа на крилните позиции.

Гостите поведоа уште во 11-тата минута преку Матиас Соуле, кој уште на самиот почеток го замолкна „Театарот на соништата“. Набргу потоа следеше и вториот гол, а негов автор беше Дониел Мален, кој во 17-тата минута погоди од пенал.

Јунајтед успеа да се врати во игра во второто полувреме, откако Бруну Фернандеш во 58. минута намали на 2:1, исто така од пенал. Погоди од вториот обид, откако судијата нареди повторување на ударот од белата точка.

Неколку минути подоцна, Мбеумо имаше шанса да израмни, но во ситуација еден на еден со Васкес, топката ги погоди и двете стативи од голот на Рома. Сепак, Јунајтед успеа да израмни на 2:2. Во 82. минута Матеус Куња ја затресе мрежата на Рома, а потоа Бразилецот стана херој на Јунајтед постигнувајќи уште еден гол, што предизвика еуфорија на трибините. Во 86. минута проби по десната страна, излезе пред голманот на Рома и со удар во блискиот агол донесе водство од 3:2.

Remote video URL

Во меѓувреме, фудбалерите на ПСЖ поставија рекорд во Лигата на шампионите. Постигнаа 4 гола против Виљареал за само 17 минути – што е најбрз ваков подвиг во историјата на натпреварувањето – и на крајот ја декласираа „Жолтата подморница“ со 6:0 на нејзин терен.

Гостите поведоа во 9-тата минута, кога Жуау Невеш погоди по корнер. Потоа следуваа голови на Дезире Дуе во 12-тата минута, Сени Мајулу во 13-тата и Фабиан Руиз во 17-тата минута.

Претходниот рекорд го држеше Реал Мадрид, кој во 2011 година постигна 4 гола за 20 минути против загрепски Динамо, победувајќи на тој меч со 6:2.

ПСЖ дојде до овој рекорд и покрај отсуството на неколку клучни играчи. Усман Дембеле, Маркињус и Нуну Мендеш беа отсутни поради повреди, додека Хвича Кварацхелиа е надвор од терените поради скинати вкрстени лигаменти на коленото.

Преостанатите два гола ги постигнаа Фабиан Руиз во 50-тата и Давид Боли во 78. минута, со што беше заокружена победата од 6:0.

Remote video URL

Парискиот клуб влезе во четвртото коло како лидер во лигашката фаза. Во овогодинешната Лига на шампиони, тие веќе ги победија Барселона и Манчестер Сити, во двата наврати со по 4:2. Во домашното првенство, неодамна остварија победа од 5:1 против Ле Авр, а против Виљареал се обидуваа да стигнат до десеттата последователна победа во сите натпреварувања.

Виљареал влезе во натпреварот по домашен пораз од 0:1 против Еспањол во Ла Лига. Пред две недели, во Лигата на шампионите, загубија со 4:3 од Ливерпул, откако претходно го совладаа Наполи со 3:1 на домашен терен.

Резултати и стрелци:

Галатасарај - Штутгарт 2:0
12', 15' Алексеј Батраков

Шахтар - Спортинг 0:1
59' Иса Думбиа

Атлетико - Баерн 0:2
54' Ленарт Карл, 74' Конрад Лајмер

Барселона - Астон Вила 3:0
7' Ламин Јамал, 52', 64' Рафиња

Боде/Глимт - Лил 0:0

Фејнорд - Интер 0:3
8' Јан Бисек, 34' Франческо Пио Еспозито, 54' Пјотр Желињски

ЛАСК - Слован 4:0
19', 37' Каспер Јергенсен, 44' Роберт Љубичиќ, 48' Семјуел Адениран

Манчестер Јунајтед - Рома 3:2
58' (п) Бруну Фернандеш, 83', 86' Матеус Куња - 11' Матиас Соуле, 17' (п) Дониел Мален
Црвен картон: 90'+1 Матеус Куња (МЈ)

Виљареал - ПСЖ 0:6
9' Жуау Невеш, 12' Дезире Дуе, 13' Сени Мајулу, 17', 50' Фабиан Руис, 78' Давид Боли

Табела:

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Фудбал

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Read more

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Read more

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Read more

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Read more

Спорт

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ е незапирлив: Му даде 53 поени на Портланд за голем пресврт

Читај повеќе

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе