
Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, Џим Ратклиф, очајно сака да се ослободи од Каземиро (33) поради неговата висока плата, но Бразилецот би можело да стане уште поголем финансиски товар за клубот од Олд Трафорд.
Имено, доколку Јунајтед ја освои Лигата на Европа, што би им обезбедило место во Лигата на шампионите, платата на бразилскиот играч од средниот ред следната сезона ќе скокне за 25 проценти според „тајна клаузула“ во неговиот договор.
Јунајтед сака да се ослободи од платата на Каземиро од околу 413.000 евра неделно, а сега неделната плата на Бразилецот во последната година од договорот би можело да скокне на околу 590.000 евра.
Да потсетиме, толку заработи Кристијано Роналдо во својот втор мандат во клубот.
Патем, Ретклиф во март го именуваше Каземиро како еден од шесте играчи (заедно со Антони, Санчо, Хојлунд, Мартинез и Онана) кои не се доволно добри или се преплатени.
Каземиро оттогаш падна во втор план со доаѓањето на тренерот Рубен Аморим, кој се одлучи за младиот Тоби Колиер.
Сепак, Бразилецот повторно стана важен играч во последните недели, а одигра и клучна улога во кампањата на Јунајтед во Лигата на Европа и нивниот настап до финалето.
Casemiro is set to become the 2nd highest paid player in Britain, if Manchester United win the Europa League 💰📈 pic.twitter.com/3Kw4NAcYPq
— Mail Sport (@MailSport) May 11, 2025