Каде исчезна Чеферин?

Каде е Александер Чеферин? УЕФА е невидлива, додека ФИФА го обликува новото лице на фудбалот. Ова прашање летово сè почесто се слуша во ложите на европските стадиони: „Каде е Александер Чеферин?“, пишува The Independent. Прашањето може да се протолкува на неколку начини.

Тоа може да се однесува на фактот дека претседателот на УЕФА досега присуствувал само на еден натпревар на Европското првенство за фудбалерки 2025, чиешто организирање е токму во надлежност на УЕФА. Може да се однесува и на тоа што не учествувал ниту на Европското првенство за играчи под 21 година, ниту на Светското клупско првенство.

Но можеби најважната импликација е отсуството на реакцијата од УЕФА по новата „кражба на територија“ од страна на ФИФА – контроверзниот нов формат на клупските натпревари.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, овојпат го надмудрил Чеферин. Дури ни демонстративното напуштање на УЕФА делегацијата од конгресот на ФИФА во мај во Парагвај, каде Инфантино доцнел на сопствениот настан, не добило голема тежина – пет дена потоа следело речиси понижување во форма на повлекување.

Чуден период за фудбалот

Фудбалот во моментов поминува низ чуден период. Иако може да се расправа дали новото издание на Светското клупско првенство било успешно како настан, за Инфантино тоа дефинитивно било политички корисно. Бизарната појава на Доналд Трамп при доделувањето на трофејот беше круна на важен момент за шефот на ФИФА, кој сега уште порешително се обидува да ја засени Лигата на шампионите како водечки клупски турнир.

Многу клупски функционери веќе гледаат на новиот турнир на ФИФА како на Суперлигата што не ја реализираа во 2021 година, но сега со институционален печат. Тоа можеби е и најголемата промена. Големите клубови со години ја презираа ФИФА и ја доживуваа како пречка. Денес соработуваат со неа. Европската асоцијација на клубови (ECA), некогаш блиска до Чеферин, сè повеќе гравитира кон Инфантино.

Сето тоа се случува во момент кога УЕФА речиси и да нема видлива присутност. Особено е чудно тоа што голем турнир се одржува токму во земја каде што УЕФА има седиште. Чеферин наводно верува дека има договор со ФИФА според кој новото Светско клупско првенство ќе се одржува секои четири години.

Чеферин не прифаќа критики

Многумина во фудбалските кругови го оценуваат ова како наивно, потсетувајќи на довербата што Чеферин ја вложил во Андреа Ањели непосредно пред обидот за формирање на Суперлига. Клубовите веќе размислуваат за турнир на секои две години и проширување на 48 екипи. УЕФА може да се обвини дека ги затвора очите пред реалноста. Или како што рекол еден истакнат функционер во УЕФА: „Како да негараме сè.“

Тоа не е изненадување ако се опкружите со луѓе кои само ви поддаваат. Многу извори тврдат дека по осум години на чело на организацијата, Чеферин не поднесува критики. „Не смееш да кажеш ништо спротивно на претседателот ниту да се обидеш да му дадеш совет“, изјавил еден инсајдер.

Резултатот е целосна изолација. Чеферин не присуствува на натпревари, не комуницира, не управува со кризи. Сето тоа личи на старата школа на фудбалска политика, каде што лојалноста се наградува со титули и влијание што потоа носи моќ и дома.

Србин му е десна рака

Затоа претседателите треба да имаат ограничен број мандати – прашање што кај Чеферин се покажало како контроверзно. Моментално е опкружен со најмалку осум, можеби и 12-13 оданици. Неговиот главен оперативец е Зоран Лаковиќ од Србија, кого се смета за извршител на плановите на претседателот.

Габриеле Гравина од Италија стана потпретседател на УЕФА откако се приклучил на страната на Чеферин во ривалството со Инфантино. Германија има двајца претставници: Бернд Нојендорф, претседател на ДФБ и член на Советот на ФИФА и Ханс-Јоаким Вацке, поранешниот директор на Борусија Дортмунд, сега член на Извршниот одбор на УЕФА. Албанскиот сојуз го предводи Арманд Дука кој стекнал значително влијание и наводно сака да биде наследник на Чеферин.

Но тоа можеби ќе се одложи бидејќи Јеспер Мелер од Данска туркал измени на статутот кои на Чеферин би му овозможиле уште еден мандат после 2027 година. Мелер сепак направил тактичка грешка гласајќи за контроверзниот предлог за враќање на руските младински селекции во натпреварувањата.

Критички гласови и политички договори

Естонецот Аивар Полак се гледа како тивок но лојален војник, иако не е во најтесниот круг како унгарскиот милијардер Шандор Чањи, кој истовремено е и член на Советот на ФИФА.

Најинтригантен е турскиот претставник Ибрахим Хаџиосманоглу, бидејќи турската федерација е блиска до Катар и претседателот на ECA, Насер Ал-Келаифи. УЕФА дополнително изненади со отворање канцеларија во Истанбул. Таму се редеа и големите настани: финалето на Лигата на шампиони 2023 (префрлено од 2020 и 2021), финалето на Лига Европа 2026 и домаќинството на ЕУРО 2032 во соработка со Италија.

Критичарите внатре во УЕФА со право следат кој добива организација на настани: Италија го доби ЕУРО 2032 иако има инфраструктурни проблеми, Албанија го доби ЕУРО за У-17 во 2025 и финалето на Конференциската лига во 2022, Унгарија финалето на Лигата на шампиони 2026. Германија помина уште подобро – ЕУРО 2024, финале на ЛШ 2025, завршница на Лигата на нации 2025 и финале на Лига Европа 2027.

Бобан му се спротивстави

Исклучок е Вембли кој и натаму ги добива најголемите натпревари, иако англиската федерација беше единствената што гласаше против споменатите статутарни реформи. Но Вембли носи најмногу пари и затоа УЕФА го сака. Дејвид Гил, поранешен благајник на УЕФА, кој знаел јавно да се спротивстави на Чеферин, исто така е маргинализиран. Истото важи и за хрватската легенда Звонимир Бобан и поранешниот заменик генерален секретар Кевин Ламур, кој премина во ФИФА.

Бобан на церемонијата на доделувањето на наградата „Најдобар играч на ФИФА“. Фото: EPA

Други функционери кои на фудбалот гледаат од спортска, не политичка перспектива, стануваат сè повеќе фрустрирани. Генералниот секретар Џорџо Маркети, познат по водењето жрепки во ЛШ, останал еден од ретките кои вистински живеат фудбал, што го покажува со постојано присуство на натпревари на ЕУРО 2025.

Изненадување предизвикал и пресвртот на Романецот Разван Бурлеану, кој некогаш се сметал за предизвикувач на Чеферин. Тој во Парагвај ги собрал делегатите на УЕФА во знак на протест. Но кога на Букурешт му било одземено финалето на Лига Европа 2026, доделено на Истанбул, многумина ја виделе врската.

УЕФА нема стратегија

Се поставува прашањето што всушност се случило по тој конгрес. Многумина во фудбалот сметаат дека УЕФА тогаш имала историска шанса. Нивната изјава во која го обвинија Инфантино за „приватни политички интереси“ одекнала. Во тој момент, со оглед на интересот од европските политичари за случувањата во фудбалот, можела да се роди критична маса за промени.

Наместо тоа, УЕФА сè свела на „изолиран инцидент“ и порача дека односите со ФИФА се „цврсти и засновани на меѓусебна доверба“. Никој не им верува. Некои внатре во УЕФА тврдат дека сакале да избегнат отворен конфликт. Други се сомневаат дека големите клубови извршиле притисок, особено пред стартот на новиот клупски турнир.

Тоа е новата реалност што УЕФА и Александер Чеферин мораат да ја признаат. Моментално немаат ни физичко присуство, а уште помалку стратегија.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Фудбал

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Read more

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Read more

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Read more

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Read more
 

Спорт

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Читај повеќе
  • filter

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Читај повеќе

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Читај повеќе
  • play_arrow

Боно со чудесна одбрана го однесе Мароко во финалето на АФКОН

Читај повеќе

Стартува 17-тото ракометно ЕУРО, Македонија утре го игра првиот натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал Мадрид се посрамоти, испадна од Копа дел Реј од второлигашот Албасете

Читај повеќе
  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе