Како изгледа фудбалот во Северна Кореја?
Веројатно сте приметиле дека во понудите на билтените има лиги како Сан Марино, Либан, Танзанија итн., но ја нема лигата на Северна Кореја. И тоа не е поради некоја заштита, туку едноставно затоа што таа лига е толку затворена што дури ни самите жители на оваа далечна земја не знаат што се случува. Но, лигата постои, регистрирана е во ФИФА, само што е под тотална контрола на државата и е целосно аматерска.