Еден од фаворитите на 23-тото Светско првенство, репрезентација на Англија, вечерва ги почнува натпреварите во групата Л против Хрватска, а во групата се уште и Гана и Панама.
Се очекува „Трите лава“ без поголеми проблеми да обезбеди пласман во нокаут-фазата од натпреварувањето, а се чини дека Англичаните во моментов се соочуваат со значително поголеми проблеми од нивните противници во првата фаза од турнирот.
Имено, веднаш по пристигнувањето на почвата на Соединетите Американски Држави, поточно во Канзас Сити, каде што се наоѓа базата на светскиот шампион од сега далечната 1966 година, тие наидоа на проблеми врз кои имаа мало влијание.
Уште пред да пристигнат во тренинг-центарот Swope Soccer Village, во близина се случил вооружен инцидент, во кој имало повредени. Потоа им била украдена целата спортска опрема, оставајќи ги без нивните копачки и топки за тренинг, кои исчезнале од комбето во кое биле транспортирани до тренинг-центарот.
На крајот мораа да се справат со природни катастрофи. Прво, беа вознемирени од силен земјотрес, а неколку играчи се пожалија на изгореници од сонце и вртоглавица од високите температури што преовладуваат во овој дел од светот.
Како „шлаг на тортата“, имаше и престој во засолниште поради торнадо што беснееше во близина на сместувањето на англиската експедиција на Светското првенство.
Останува да се види како сето горенаведено влијаело врз играчите и дали овој пат ќе успеат да ја оправдаат својата улога како еден од фаворитите на натпреварувањето.
England, it’s time.
— England (@England) June 17, 2026
🎙️ @stormzy pic.twitter.com/jNROJIpRzP