Кантона до ФИФА и УЕФА: Русија ја суспендиравте по само 4 дена, зошто Израел уште игра?

Макфакс/Кајгана
/ 19.09.2025 / 13:58

Легендарниот француски фудбалер, Ерик Кантона, смета дека ФИФА и УЕФА треба да ги исфрлат израелските клубови од сите натпреварувања, како и репрезентацијата.

Причината, секако, е геноцидот извршен од израелската држава во Појасот Газа.

Се проценува дека 66.000 луѓе, вклучувајќи деца, се убиени во нападите на израелската армија од 2023 година.

Кантона присуствуваше на концертот „Заедно за Палестина“ што се одржа во Лондон, од каде што испрати јасна порака до лидерите на двете големи фудбалски организации. На споменатиот настан настапија музички ѕвезди како Дејмон Албарн и Бастил, а се појавија и филмски ѕвезди како Бенедикт Камбербач.

„Играв за Франција и Манчестер Јунајтед. Знам дека меѓународниот фудбал е повеќе од само спорт, тоа е култура, тоа е политика, тоа е моќ“, рече Французинот, а потоа додаде:

„Со начинот на кој земјата се претставува на глобалната сцена, дојде време да му се одземе таа привилегија на Израел. Четири дена откако Русија ја започна војната во Украина, ФИФА и УЕФА ја суспендираа Русија. Сега поминаа 716 дена од она што Амнести Интернешнл го нарече геноцид – а на Израел сè уште му е дозволено да се натпреварува“, истакна легендарниот Французин, напоменувајќи го двојниот аршин на ФИФА и УЕФА.

реклама

Фудбал

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Read more

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Read more

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Read more

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе