Карик му порача на Тухел дека тројца негови играчи треба да бидат во репрезентацијата

Макфакс/Кајгана
/ 19.03.2026 / 19:48

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик (44), јавно го повика селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел (52), да ги вклучи Хари Мегваер (33), Лук Шо (30) и Коби Мејну (20) во својот следен список. Германскиот стручњак, кој го наследи Гарет Саутгејт, сè уште не повикал ниту еден играч од „Олд Трафорд“ откако ја презеде функцијата на почетокот на минатата година.

Мегваер, искусен репрезентативец со настапи на три големи натпреварувања, не играл за Англија 18 месеци. Слична е ситуацијата и со Мејну и Шо, кои беа во почетниот состав на финалето на ЕУРО 2024 против Шпанија, но оттогаш не добиле повик во националниот тим.

Иако Тухел, кој во еден момент преговараше да ја преземе клупата на Јунајтед кон средината на 2024 година, претходно нагласи дека станува збор за „индивидуални одлуки“ и „не за одлука против Јунајтед“, споменатите играчи се надеваат на повик.

Утре ќе биде објавен составот за пријателските натпревари против Уругвај и Јапонија, а Карик верува дека нивната форма е на ниво кое повеќе не може да се игнорира.

Пред натпреварот од лигата против Борнмут, Карик коментираше за репрезентативниот статус на неговите играчи.

„Не сум бил во контакт со Тухел“, призна тој. „Што се однесува до момците, би сакал да бидат поканети за оваа акција, и секако за летото. Немам влијание врз тоа, но момците се ставија во добра позиција со своите настапи и си дадоа можност“, рече Карик.

Иако репрезентацијата е важна тема, Карик мора да се справи и со клупските обврски и проблемите со повредите. Јунајтед моментално е на третото место, а в петок гостува кај Борнмут без клучните дефанзивци Лисандро Мартинеа и Матајс де Лихт, додека подолго време е отсутен и Патрик Доргу поради што не е на данскиот список за баражот против Македонија.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Фудбал

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Спорт

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе