ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2026

Каталонец во Реал: Кукуреља потпиша и ја крена Каталонија на нозе

Марк Кукуреља (27) е нов играч на Реал Мадрид, потврди клубот од шпанската престолнина. Мадридскиот тим ја активираше откупната клаузула и го доведе левиот бек на Челси за околу 50 милиони евра, кој треба да биде важно засилување на дефанзивната линија во наредните сезони.

Според информациите од клубот, Кукуреља бил голема желба на новиот тренер Жозе Мурињо, кој го гледа како идеално решение за позицијата лев бек. Неговото доаѓање дополнително ја зајакнува конкуренцијата во одбраната на Реал, а тој е играч кој има значајна улога и во Челси и во шпанската репрезентација.

Кукуреља се приклучи на Челси од Брајтон во 2022 година во трансфер вреден 65 милиони евра. Оттогаш има 163 настапи за лондонскиот клуб, постигнато 9 гола и 13 асистенции. Има одиграно 24 натпревари за репрезентацијата на Шпанија, а моментално се подготвува за Светското првенство по освојувањето на ЕУРО 2024.

Шпанскиот фудбалер потпиша долгорочен договор со Реал Мадрид, со важност до 30 јуни 2032 година, со што плановите на клубот за иднината на позицијата лев бек се јасни.

Каталонец во Реал е најголемо предавство

Очекувано, „предавството“ на Кукуреља веднаш предизвика лавина реакции. Во Каталонија врие бидејќи нивен играч ќе го облече дресот на Реал Мадрид.

Марк Кукуреља Сазета е етнички Каталонец роден во Алеља, мало гратче на каталонската ривиера. Како дете почнал во Еспањол, а потоа се префрлил во Барселона каде освен за младинските категории играше и за вториот тим, но никогаш не доби шанса да дебитира за славната Барса. Беше праќан на позајмици во Еибар и Хетафе, за потоа конечно да потпише за клубот од мадридското предградие од каде потоа замина за Брајтон Хоув Албион.

Јасно е зошто трансферот на Кукуреља во Реал е трн во око за Каталонците, кои својата борба за независност од Шпанија ја препознаваат и во ривалството со Реал Мадрид, клуб кој е симбол на шпанската држава.

Поранешниот играч на Барселона, Жерард Пике, беше најостар критичар на 27-годишниот дефанзивец.

„Дојде преку Ла Масија, го носеше грбот на Барселона како дете, научи за вредностите на клубот и знае што значи Барселона за милиони фанови низ целиот свет. Затоа, ова боли уште повеќе. Играч кој доаѓа од Ла Масија многу подобро го разбира соперништвото. Ако пораснете во академијата на Барселона, а потоа го изберете Реал Мадрид, не можете да очекувате поддршка“, рече Пике.

„Ла Масија е повеќе од училиште, тоа е идентитет. Можете ли да ја напуштите Барселона, но да потпишете за Реал Мадрид откако ќе пораснете во Ла Масија? За многу фанови, тоа е преминување на црвена линија. Луѓето можат да изберат што сакаат, но вистинскиот 'Кулер' не заборава од каде доаѓа“, Пике ја нагласи важноста на идентитетот на клубот.

реклама

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Read more

Фудбал

Родри слета во Барселона и ги одушеви навивачите: Ќе освоиме сè!

Read more

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Read more

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Read more

Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

Read more

Спорт

Родри слета во Барселона и ги одушеви навивачите: Ќе освоиме сè!

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп им се отворил на играчите на Сити: Се разведувам од најубавата жена на планетата

Читај повеќе

ФИФА отпушти директор откако го критикувал Инфантино

Читај повеќе

Неверојатната приказна за безимениот стадион на Хетафе

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео-преглед на колото во првата и втората лига

Читај повеќе

Премиер лигата воведе 4 нови правила за новата сезона

Читај повеќе

Младиот напаѓач на Каљари се давел во базен, со хеликоптер го однеле на интензивна

Читај повеќе

Јуве ѝ плати на Болоња 20 милиони евра за стоперот Лукуми

Читај повеќе

Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Читај повеќе