Капитенот на Англија, Хари Кејн, откри дека е подготвен да разговара за продолжување на договорот со Баерн, иако повеќе не го гледа враќањето во Премиер лигата како своја примарна цел, објави BBC.
Иако претходно имаше шпекулации за негово враќање во Англија, особено во Тотенхем, Кејн сега инсистира дека е фокусиран на својот успех во Минхен.
„Можам да си замислам да останам во Баерн откако ќе ми истече договорот. Сè уште не сме започнале преговори, но кога тоа ќе се случи, ќе бидам подготвен за отворен и искрен разговор“, рече Кејн.
Кејн е во одлична форма сезонава, постигнувајќи 19 гололови за клубот и репрезентацијата. Неговите најголеми цели се освојувањето на Лигата на шампионите со Баерн или Светското првенство со Англија, што според него би му го отворило патот до освојувањето на Златната топка.
„Мојот сон е да ја освојам Златната топка. Тој трофеј му припаѓа на најдобриот играч од најдобриот тим, па затоа ми требаат титули во Лигата на шампионите или Светското првенство“, објасни Кејн.
Напаѓачот на Баерн, исто така, нагласи дека неговите претходни успеси не го опуштиле, туку напротив, дополнително го мотивирале.
„Кога гледам снимки од моите натпревари, сега повеќе ме интересира како се однесувам дефанзивно отколку колку голови сум постигнал. Можеби головите не ми се допаѓаат толку многу како порано, или можеби ја засакав таа страна од играта“, заклучи 32-годишниот Кејн.