фифа светско првенство 2026 канада/сад/мексико

Кејн пред дуелот со Халанд: Тој е ѕвер, не нè споредувајте

Макфакс/Кајгана
/ 11.07.2026 / 12:05

Еден од најочекуваните дуели во четвртфиналето на Светското првенство ќе биде судирот меѓу Англија и Норвешка, а вниманието посебно ќе биде насочено кон двајца врвни напаѓачи – Хари Кејн и Ерлинг Халанд.

Пред вечервашниот натпревар, капитенот на Англија беше прашан кој е подобар од нив двајца. Кејн не сакаше да влегува во такви споредби.

„Невозможно ми е да одговорам на тоа прашање. Мислам дека сме сосема различни како играчи. Разбирам зошто луѓето нè споредуваат бидејќи двајцата сме напаѓачи, но искрено, играме на различен начин. Сакам почесто да ја имам топката во моите нозе и повеќе да учествувам во организацијата на играта, иако можам да играм како класична 9-ка. Мислам дека не е добро кога не споредуваат“, рече Кејн.

Капитенот на Англија потоа зборуваше во суперлативи за голгетерот на Манчестер Сити.

„Ерлинг е неверојатен. Неговата статистика за постигнување голови е импресивна. Тој е физичка машина, вистински ѕвер. Неговата завршница е на највисоко ниво, а бројот на голови што ги постигнува зборува сам за себе. Имам голема почит кон него како играч и професионалец.“

Сепак, Кејн се надева дека Норвежанецот ќе остане без учинок.

„Секако, се надевам дека против нас нема да има свој ден. Сè што направи во изминатите години зборува многу за неговите квалитети. Тој е фантастичен фудбалер.“

Англија и Норвешка ќе се сретнат вечерва во 23:00 часот во Мајами, а победникот ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Аргентина и Швајцарија (недела 3:00 часот, Канзас Сити) во полуфиналето.

Халанд постигна 7 голови на Светското првенство, еден помалку од Килјан Мбапе и Лионел Меси, додека Кејн има 6.

реклама

Фудбал

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Read more

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе