Норвешката репрезентација го заврши учеството на Светското првенство во Канада, САД и Мексико откако по продолженијата загуби од Англија во четвртфиналето во Мајами.
Норвешкиот голгетер Ерлинг Браут Халанд изјави дека е горд на сè што направиле, и покрај тоа што не стигнале до полуфиналето.
„Ова беше лудо патување“, проговори Халанд по елиминацијата на „Викинзите“.
Фудбалерот на Манчестер Сити е една од најголемите ѕвезди на Мундијалот, постигнувајќи вкупно 7 голови на 4 натпревари.
Не го одигра својот најдобар натпревар против Англија, имаше два шута, од кои едниот беше во рамките голот, и ја напушти играта на крајот од првото продолжение.
Настапот на Светското првенство го смета за големо „животно училиште“.
„Да бидам искрен, мислам дека ова ми го промени животот“, рече Халанд.
По натпреварот долго време гордо стоеше на теренот поздравувајќи ги норвешките навивачи, откако репрезентацијата го постигна својот најдобар резултат на Светските првенства.
„Мислам дека ја ставивме Норвешка на светската фудбалска мапа“, додаде Халанд.
Ова беше само четврто учество на Норвешка на Мундијалите по претходните во 1938, 1994 и 1998 и воедно најдобар резултат. Претходно во 1998 Норвежаните стигнаа до осминафиналето кога во тимот играше сегашниот селектор Столе Солбакен.