Халанд: Жал ми е за Собослаи, но знам дека судијата мора да ги почитува правилата

Манчестер Сити оствари голема победа на „Енфилд“ против Ливерпул. Со неа, не само што успеа да го одржи чекорот со лидерот Арсенал, туку и забележа два триумфа против „Црвените“ во една сезона во Премиер лигата за прв пат по 89 години.

Исто така, за прв пат од 2021 година „Граѓаните“ славеа на гостински терен против тимот што моментално го предводи Арне Слот, што е голем успех. 

Сепак, во својата изјава по натпреварот, играчот на Сити, Ерлинг Халанд, го посочи судијата Крег Посон за ситуацијата што практично стави крај на натпреварот. 

За потсетување, голманот Алисон берше отиден во напад, па Рајан Шерки шутираше од далечина кон небранетиот гол на Ливерпул, а додека Халанд трчаше кон топката за да ја испрати во мрежата, Доминик Собослаи го повлече. Судијата го поништи голот, му даде црвен картон на Унгарецот и им досуди на „Граѓаните“ слободен удар наместо трет гол.

Remote video URL

„Мислам дека судијата мора да ги почитува правилата, но ова ќе му даде на Собослаи суспензија од три натпревари. На крајот, жал ми е за него. Едноставно е - само признај го голот и не давај црвен картон. Но, тоа се правилата и тоа е тоа“, рече Халанд.

Претходно токму Собослаи со еврогол од слободен удар донесе водство за Ливерпул во 74. минута. Точно десет минути подоцна Бернарду Силва израмни на асистенција на Халанд, а Норвешанецот во 3. минута од надополнувањето реализираше пенал за пресврт и водство на Сити.

Бернарду Силва, исто така, се обрати на медиумите, нагласувајќи ја важноста на синоќешната победа... 

„Сите во тимот знаеја дека пораз веројатно ќе значи крај на трката за титулата. Арсенал е сè уште во многу подобра позиција, но ние чувствувавме дека мора да победиме. Има надеж, ќе се бориме до крај“, рече Силва.

Португалецот е горд на победата на својот тим, за која е свесен дека е важна од многу аспекти.

„Беше фрустрирачки на почетокот од сезоната бидејќи не ја завршивме работата како што треба. Среќен сум бидејќи ова е најтешкиот натпревар на гостински терен во Англија. Во моите девет сезони тука, ова е прва победа пред нивните навивачи“, додаде Силва.

Remote video URL
реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Финансиски хороскоп за март 2026: Кој знак ќе добие бонус?

Read more

Фудбал

Видал: Воведоа ВАР за да не може Реал Мадрид да краде

Read more

Гризман со една фотка „долеа бензин“ на пировата победа на Барса

Read more

Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија

Read more

Како Хетафе ја славеше првата победа над Реал по 18 години?

Read more
 

Спорт

Видал: Воведоа ВАР за да не може Реал Мадрид да краде

Читај повеќе
  • filter

Гризман со една фотка „долеа бензин“ на пировата победа на Барса

Читај повеќе

Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Хетафе ја славеше првата победа над Реал по 18 години?

Читај повеќе

Инфантино предложи ново фудбалско правило: Ќе стапи на сила уште на Мундијалот?

Читај повеќе

Едвај спасен проектот за мегастадион вреден милијарда и пол евра

Читај повеќе

Роналдо нема да игра на Светското првенство?

Читај повеќе

Иран се заканува дека ќе се повлече од Светското: Кој би можело да го замени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретко го гледаме Јокиќ ваков: „Откачи“ и се степа со противничкиот тим

Читај повеќе