фифа светско клупско првенство сад 2025

Хаос на крајот од финалето ПСЖ - Челси, бесниот Луис Енрике удри играч

Во финалето на Светското клупско првенство помеѓу ПСЖ и Челси видовме неверојатни сцени на крајот од натпреварот. Главен актер беше тренерот на парискиот тим Луис Енрике, кој физички го нападна играчот на Челси, Жоау Педру, стрелец на еден од головите.

Натпреварот заврши со убедлива победа од 3:0 на англискиот клуб, а тензиите што тлееја во текот на сите 90 минути ескалираа веднаш по последниот свиреж.

Камерите го забележаа моментот кога Енрике, среде општата мешаница на теренот, му се приближи на Педру, го зграпчи и го удри во лицето, предизвикувајќи бразилскиот напаѓач да падне на земја.

Целата ситуација настана по вербална и физичка пресметка меѓу играчите од двата тима, во која учествуваа и други членови на ПСЖ, вклучувајќи го и голманот Џанлуиџи Донарума, кој исто така го нападна Педру.

Инцидентот беше дополнително разгорен од фактот дека натпреварот беше исполнет со груби стартови од страна на играчите на ПСЖ, вклучувајќи и црвен картон за Жуау Невеш од ПСЖ, кој го повлече за коса играчот на Челси, Марко Кукуреља.

Енрике се обиде да ги оправда своите постапки тврдејќи дека сакал да ги „раздели играчите“.

„Се обидов да ја смирам ситуацијата. Некој мора да преземе одговорност и да ги смири тензиите. Но, ова е ситуација што сите моравме да ја избегнеме. Тоа се подразбира. Мојата намера беше да ги разделам играчите за да не се влоши ситуацијата“, рече Енрике.

Сепак, снимката јасно покажува дека станува збор за директен физички напад, за кој шпанскиот стручњак може да се соочи со сериозни последици. Се очекува ФИФА и организаторите на турнирот да поведат дисциплинска постапка против тренерот на ПСЖ, кој веројатно ќе се соочи со суспензија.

Челси го освои трофејот со головите на Палмер (2) и Жоау Педру, а по Конференциската лига се закитија со уште еден трофеј оваа сезона.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Фудбал

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Read more

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Read more

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Read more

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Read more

Спорт

  • play_arrow

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Читај повеќе

Ноа Лајлс постави светски рекорд на 150 метри

Читај повеќе

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Читај повеќе

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Читај повеќе

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Читај повеќе

Вардар квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги почне против финскиот шампион

Читај повеќе

Претседателот си ги однел љубовницата и сопругата на Светското, на сметка на Бразилската конфедерација

Читај повеќе