Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Макфакс/Кајгана
/ 17.05.2025 / 13:36

Рој Кин повторно ги критикуваше играчите на Манчестер Јунајтед, овој пат конкретно удри по Расмус Хојлунд. Данецот против Челси имаше уште едно лошо издание сезонава.

Јунајтед беше поразен синоќа пред финалето на Лига Европа против Тотенхем, со што ја продолжи катастрофалната низа, само 2 освоени бода од почетокот на април и 5 порази во последните 6 натпревари.

Тимот на Рубен Аморим падна на 16-тото место во Премиер лигата. Зад Јунајтед на табелата се само Тотенхем и трите тима кои испадна од Премиер лигата. Сите надежи ги полагаат на финалето во Билбао, кое би можело да претставува единствен спас во сезоната.

Расмус Хојлунд, напаѓач кој беше платен 85 милиони евра пред две години, а кој постигна само 4 гола на 31 натпревар во Премиер лигата сезонава, многумина го сметаат за еден од симболите на неуспешната сезона. Рој Кин без двоумење го изрази своето незадоволство на Sky Sports.

„Тие немаат напаѓач. Хојлунд вечерва изгледа како тоа дете од Челси, Тирик Џорџ. Како штотуку да излегол од академијата, игра како дете од фудбалско училиште. Неговото трчање, неговото темпо, како игра кога со грб е свртен кон голот, сè беше погрешно“, рече Кин и додаде:

„Кога си напаѓач на Манчестер Јунајтед, мора самиот да создадеш нешто. Големите клубови секогаш имаат напаѓачи кои прават разлика дури и кога нема да добијат совршена топка, поради талентот, искуството, фудбалската интелигенција. Тоа не го гледаме во Хојлунд“.

Кога водителот Дејв Џонс го праша дали Хојлунд би бил подобар со подобри соиграчи, Кин одмавна со раката: „Постојано наоѓаме изговори за него. Јасно е дека му треба помош, но понекогаш едноставно мора да бидеш подобар. Платен си 85 милиони евра“.

Хојлунд во Манчестер пристигна летото 2023 година од Аталанта каде како резервист се истакна постигнувајќи 9 голови во Серија А, од кои 4  му беа во низа на 4 натпревари. За репрезентацијата на Данска има 8 голови на 24 натпревари.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе