Клоп го прашаа зошто репрезентацијата не е доволно бела и германска

Макфакс/Кајгана
/ 01.10.2026 / 17:14

Германскиот селектор, Јирген Клоп, се осврна на расистичките коментари на социјалните мрежи насочени против репрезентативците. На прес-конференцијата пред натпреварот од Лигата на нации против Србија, кој ќе се игра вечерва во Минхен, новинарите го прашаа за коментарите во кои се наведува дека тимот „не е доволно германски“ или „доволно бел“.

Расте незадоволството меѓу гераманските фудбалски навивачи кои сѐ помалку се идентификуваат со својата репрезентација, а својот гнев го изразија со илјадници коментари на социјалните мрежи. Причината за тоа е што во составот има сѐ повеќе играчи со мигранстко потекло, но сепак родени и израснати во Германија.

На последниот меч против Грција дури 9 од почетните 11 играчи беа од мигрантско потекло.

Клоп првично рече дека дури и не ги видел коментарите, а потоа беше многу јасен.

„Нема причина да трошам време на такви луѓе. Нема да им посветам ниту еден момент од моите мисли. Немам време за глупости во мојот секојдневен живот, а немам ни време за социјални мрежи“, рече 59-годишниот тренер. Додаде дека најголемиот проблем на нашето време е што секој може да каже што сака. „Сосем е лудо што вакви работи воопшто се појавуваат“, изјави тој.

Клоп истакна дека тимот што го води, во кој има голем број играчи со мигрантско потекло, функционира одлично.

„Нивниот соживот не може да биде подобар“, објасни тој. „Светот треба да се угледа на спортската соблекувална. Секој е почитуван таму за она што навистина е, а не дискредитиран поради нечии погрешни ставови. Точка“, рече германскиот селектор.

Клоп ја презеде Германија ова лето откако Јулиан Наглесман беше отпуштен поради неуспехот на Светското првенство 2026. Клоп го предводеше тимот во два натпревара од Лигата на нации, нерешено на гости со Холандија (1:1) и шокантен пораз на домашен терен од Грција (0:1).

реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе