Клоп нема намера да работи како тренер

Реал Мадрид вчера го изненади фудбалскиот свет со одлуката, спогодбено да се раздели до тренерот Чаби Алонсо. Тимот го презеде, Алваро Арбелоа, тренер на Б-тимот на Реал.

Многу работи не се движеа во вистинска насока во Реал. Допрва работите ќе излегуваат на виделина, но јасно е дека Алонсо не само што ја немал поддршката од соблекувалната, туку исто така и клупските челници не биле на негова страна.

Флорентино Перес реши да се раздели со тренерот, откако Реал во неделата, доживеа пораз од Барселона, во Суперкупот на Шпанија.

Првиот човек на Реал наводно сака да го донесе Јирген Клоп. Славниот Германец веќе 18 месеци не работи како тренер, тој е директор на фудбалските операции во Ред Бул.

„Тоа нема никаква врска со мене. Не барав работа и немам планови да се вратам на клупата таму“, изјавил Клоп и потврдил дека воопшто не му недостига тренерската работа.

„Не ми недостига стоењето на дожд, два и пол до три часа, не ми недостига одењето на прес-конференции три пати неделно, 12 интервјуа неделно, не ми недостига, не ми недостига. Не ми недостига да бидам во соблекувалната, успеав да одиграм околу 1080 натпревари, па многу бев во соблекувалната. Не сакам да умрам во соблекувалната затоа што не е убаво таму, смрди.“

„Можеби нешто ќе се случи, имам 58 години, би можел да донесам одлука за неколку години… Не знам. Дали треба денес да донесам одлука дека повеќе нема да бидам тренер? Фала му на Бога што не морам, можам само да видам што носи иднината. Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам токму сега“.

реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Фудбал

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Read more

Роналдо го прекинува штрајкот

Read more

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Read more

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Read more
 

Спорт

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Читај повеќе

Роналдо го прекинува штрајкот

Читај повеќе

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Читај повеќе

Дали Манчестер Јунајтед засекогаш ја затвори вратата за Роналдо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Линдзи Вон оперирана во болницата во Тревизо

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд: Жал ми е за Собослаи, но знам дека судијата мора да ги почитува правилата

Читај повеќе

Официјален распоред на настапи на македонските спортисти на Зимската олимпијада

Читај повеќе

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Читај повеќе