Кои се најплатените селектори: Клоп има историски договор, Зидан не е ни во топ 5

Платите на селекторите во последниве години се приближуваат до износите што ги заработуваат најголемите имиња во клупскиот фудбал, а германскиот весник Bild објави листа на десетте најплатени селектори во светот. Карло Анчелоти е на врвот, додека новиот селектор на Франција, Зинедин Зидан, е дури на седмото место.

Откако го презеде Бразил во мај 2025 година, Карло Анчелоти доби договор вреден дури 10 милиони евра по сезона, со што направи сериозна разлика во споредба со конкуренцијата. Најблиску до него е Јирген Клоп, кој ова лето ја презеде функцијата селектор на Германија и стана најплатениот селектор во историјата на „Ди Маншафт“ со 7 милиони евра годишно.

Сепак, Клоп сега заработува значително помалку отколку во претходните периоди. Според германскиот весник, тој добивал околу 12 милиони евра годишно во компанијата Red Bull, додека во последниот период во Ливерпул неговата плата достигнала 18 милиони.

Третото место му припаѓа на селекторот на САД, Маурисио Почетино, со 6,8 милиони евра, додека Томас Тухел добива 6 милиони евра годишно за својата работа како селектор на Англија. Луис де ла Фуенте, по успехот со Шпанија и продолжувањето на договорот, достигна 5 милиони евра, што го сместува на петтото место.

Пред Зидан е Жорже Жезуш, кој заработува 4 милиони евра годишно како селектор на Португалија. Зинедин Зидан прифати слични услови како и неговиот претходник Дидје Дешан кога ја презеде функцијата - 300.000 евра месечно, или 3,6 милиони годишно.

Французинот , сепак, се откажа од бонусите поврзани со правата за користење на неговиот имиџ, што му овозможува поголема слобода од обврските за спонзорство кон Француската федерација. Од друга страна, договорот му носи значителни бонуси во зависност од резултатите на големите натпреварувања.

Зад Зидан на листата е Чави Ернандес, селекторот на Холандија, со 3 милиони евра годишно. Лионел Скалони добива 2,3 милиони евра за својата работа како селектор на Аргентина, додека првите десет ги заокружува селекторот на Австрија, Ралф Рангник, со годишна плата од 2 милиона евра.

реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе