Кој е Брајан Маџо? Најмладиот стрелец во УЕФА Суперкупот поради кој Астон Вила се судеше со ФИФА

Фудбалерите на ПСЖ синоќа го освоија Суперкупот на УЕФА со победа од 2:1 над Астон Вила, но првото име на натпреварот беше играчот на поразениот тим, неверојатниот 17-годишен Брајан Џомени Маџо.

Маџо имаше четири шанси, а во 45-тата минута од најтешката шанса постигна брилијантен гол за тимот од Бирмингем.

Напаѓачот на Астон Вила постигна гол на само 17 години и 212 дена, станувајќи најмладиот стрелец во историјата на Суперкуп на УЕФА соборувајќи рекорд што траеше три децении.

Рекордот до синоќа го држеше Патрик Клајверт, кој постигна гол на Суперкупот во 1996 година на возраст од 19 години и 220 дена.

Remote video URL

Маџо е роден на 12 јануари 2009 година во Лондон, но порасна во Луксембург, каде што почна да игра фудбал.

Играше за младинските тимови на Мариска Мерш и Расинг Унион, пред да се пресели во францускиот Мец на 14-годишна возраст.

Минатата година стана првиот играч роден во 2009 година што играше во Лиг 1, а против Стразбур беше во почетниот состав со само 16 години и 217 дена, станувајќи најмладиот стартер на Мец во француското првенство.

Астон Вила го донесе на неговиот 17-ти роденден за 12 милиони евра, но ФИФА му забрани да игра во изминатата полусезона.

ФИФА ја забрани регистрацијата на Маџо поради правилата што го ограничуваат меѓународниот трансфер на малолетни фудбалери.

Причината за ова беше наведена дека Маџо е Луксембуржанец и веќе одиграл 3 натпревари за сениорската репрезентација на земјата.

Астон Вила, се разбира, веднаш поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) и го достави изводот од матичната книга на родените на Маџо, кој јасно покажува дека Маџо е роден во Англија и дека има и британско државјанство.

ЦАС ја прифати жалбата претходно овој месец и му дозволи да се регистрира за официјални натпревари, а синоќа го имаше своето деби за Астон Вила и го покажа целиот свој раскошен талент.

Воедмно, летото 2025 година Маџо смени спортски пасош и се префрли да игра за Англија, дебитирајќи за репрезентацијата до 17 години. Тоа можеше да го направи бидејќи сите настапи за Луксембург во сениорска конкуренција му беа на пријателски.

Инаку, двајцата родители на Маџо се Камерунци.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Фудбал

Комичен автогол во српската лига

Read more

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Read more

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе