Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Филип Здравески
/ 09.10.2026 / 12:40

Во историјата на македонската фудбалска репрезентација се смениле 15 селектори, а само тројца се без победа, вклучително и сегашниот, кој сѐ уште може да си ја поправи статистиката.

Статиститака е многу сурова работа. Не ја интересира квалитетот на противниците, видовите на натпреварувања, условите на теренот, играчите што се на располагање - само бројки, бројки и ништо друго.

Во ова рангирање нема да ги земеме предвид в.д. селекторите. Такви досега имало четири пати и тоа Бобан Бабунски во два наврата (вкупно 4 натпревари), Зоран Стратев (2 натпревара) и Гоце Седлоски (1 натпревар).

Прв кој успеал селекторски мандат да заврши без победа е Ѓорѓи Јовановски. Тој беше на чело на репрезентацијата од 1 мај 2001 до 15 јануари 2002. Седеше на клупата на 13 натпревари и запиша 6 нерешени и 7 порази со гол-разлика од 9:27. Неславно заврши откако се испокара со низа играчи, меѓу кои и тогашните лидери Ѓорѓи Христов и Тони Мицевски, а бојкотот кон него отиде дотаму што последните натпревари ги играше со крпен состав со играчи од домашната лига. Јовановски употреби дури 54 играчи на 13-те натпревари, а остана запомнет и по двете „петарди“ во низа. Одигра 5 квалификациски и 8 пријателски натпревари.

Фото: ФК Работнички Скопје

Резултатите на Јовановски:

02.06.2001 Македонија – Молдавија 2:2 (квал. за СП 2002)
06.06.2001 Турција – Македонија 3:3 (квал. за СП 2002)
25.07.2001 Катар – Македонија 1:0 (пријателска)
01.08.2001 Саудиска Арабија – Македонија 1:1 (пријателска)
15.08.2001 Бугарија – Македонија 1:0 (пријателска)
01.09.2001 Македонија – Шведска 1:2 (квал. за СП 2002)
05.09.2001 Азербејџан – Македонија 1:1 (квал. за СП 2002)
07.10.2001 Македонија – Словачка 0:5 (квал. за СП 2002)
14.11.2001 Унгарија – Македонија 5:0 (пријателска)
30.12.2001 Оман – Македонија 2:0 (пријателска)
05.01.2002 Албанија – Македонија 0:0 (пријателска)
07.01.2002 Бахреин – Македонија 1:1 (пријателска)
10.01.2002 Финска – Македонија 3:0 (пријателска)

Процент на натпревари завршени без пораз: 46,153%
Постигнати голови: 9
Примени голови: 27
Гол-разлика: -18
Голови по натпревар: 0,692
Примени голови по натпревар: 2,076
Употребени играчи: 54

Без победа остана и српскиот стратег Љубинко Друловиќ, кој ја водеше репрезентацијата од 23 април 2015 до 16 октомври 2015, во период кога Горан Пандев во знак на револт кон ФФМ се имаше повлечно и не играше. Друловиќ одигра само 5 натпревари на кои запиша 4 порази и 1 реми, а рано го заврши мандатот откако му се отвори прилика да го води белградски Партизан, што веднаш ја зграпчи. На петте натпревари употреби вкупно 29 играчи. Сите натпревари му беа квалификациски.

Фото: ФФМ

Резултатите на Друловиќ:

14.06.2015 Словачка – Македонија 2:1 (квал. за ЕУРО 2016)
05.09.2015 Луксембург – Македонија 1:0 (квал. за ЕУРО 2016)
08.09.2015 Македонија – Шпанија 0:1 (квал. за ЕУРО 2016)
09.10.2015 Македонија – Украина 0:2 (квал. за ЕУРО 2016)
12.10.2015 Белорусија – Македонија 0:0 (квал. за ЕУРО 2016)

Процент на натпревари завршени без пораз: 20%
Постигнати голови: 1
Примени голови: 6
Гол-разлика: -5
Голови по натпревар: 0,2
Примени голови по натпревар: 1,2
Употребени играчи: 29

И доаѓаме до сегашниот Гоце Седлоски, кој од 22 декември 2025 е на селекторското столче. Во досегашниот мандат одигра 8 натпревари на кои запиша 6 порази и 2 нерешени, но со фрапантна гол-разлика од 0:18. Засега тој е единствениот селектор која не се израдувал на постигнат гол. Досега на осумте натпревари употреби дури 43 играчи.

Фото: ФФМ

Резултатите на Седлоски:

26.03.2026 Данска – Македонија 4:0 (бараж за СП 2026)
31.03.2026 Ирска – Македонија 0:0 (пријателска)
29.05.2026 Босна и Херцеговина – Македонија 0:0 (пријателска)
01.06.2026 Турција – Македонија 4:0 (пријателска)
26.09.2026 Македонија – Швајцарија 0:3 (Лига на нации 26/27)
29.09.2026 Словенија – Македонија 2:0 (Лига на нации 26/27)
03.10.2026 Македонија – Шкотска 0:2 (Лига на нации 26/27)
06.10.2026 Швајцарија – Македонија 3:0 (Лига на нации 26/27)

Процент на натпревари завршени без пораз: 25%
Постигнати голови: 0
Примени голови: 18
Гол-разлика: -18
Голови по натпревар: 0
Примени голови по натпревар: 2,25
Употребени играчи: 43

Бидејќи сите тројца се без победа, единствен начин да се одреди (не)успешноста е тоа колку натпревари не загубиле. Процентите велат дека Јовановски тука е „најдобар“ бидејќи има доста нерешени - речиси на половина од натпреварите не загубил. Втор е сегашниот Седлоски со мала предност пред Друловиќ, кој во негова одбрана има многу малку натпревари и тоа сите квалификациски. Но, од друга страна, никој не го тераше да замине по само 6 месеци.

Во однос на гол-разликата, сите се ужасни. Јовановски има 9 постигнати и 27 примени, Друловиќ има 1 постигнат и 5 примени, а убедливо најлош е Седлоски кој има 18 примени и нема постигнато ниту еден гол, со просек од 2,25 примени голови по натпревар.

Седлоски во ноември ќе има две нови шанси да го поправи впечатокот кога Македонија ќе игра на гости со Шкотска и дома со Словенија.

Статистиката на сите селектори на македонската репрезентација можете да ја погледнете тука.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Фудбал

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Read more

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Read more

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Read more

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Read more

Спорт

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ е незапирлив: Му даде 53 поени на Портланд за голем пресврт

Читај повеќе

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе