Комичен автогол во српската лига
Голманот на ИМТ од Нов Белград, Огњен Чанчаревиќ, си постигна комичен автогол на натпреварот со ОФК Београд.
Само што почна 32. минута кога стоперот Стефан Шапиќ упати повратен пас кон Чанчаревиќ, но топката пред неговите нозе удри во нерамнина, отскокна и го измами голманот која сакаше да ја шутне, па наместо тоа ја сврте в гол.
Неговиот тим на две минути пред крајот на мечот постигна гол за израмнување и поделба на бодовите.