Со вчерашните натпревари сега се познати 14-те тимови што ќе се борат за седумте места во лигашката фаза од новата сезоина во Лигата на шампионите.
Големо разочарување синоќа приреди белградска Црвена звезда која на „Маракана“ не само што не успеа да ја надокнади негативата од 0:1 против израелскиот шампион Хапоел Бе'ер Шева, туку и загуби со 2:0 пред своите гледачи.
Затоа, пак, од регионот шанса за пласман ќе имаат загрепски Динамо и софиски Левски, каде што игра нашиот репрезентативец Никола Серафимов. Левски за противник ќе го има грчкиот шампион АЕК од Атина, кој квалификациите ги почнува дури од плејоф рундата.
Пат на шампиони:
Левски (Бугарија) - АЕК (Грција)
Селтик (Шкотска) - ЛАСК (Австрија)
Динамо (Хрватска) - Викинг (Норвешка)
Слован (Словачка) - Цеље (Словенија)
Хапоел Бе'ер Шева (Израел) - Сабах (Азербејџан)
Пат на нешампиони:
Фенербахче (Турција) - Лион (Франција)
НЕК Најмехен (Холандија) - Боде/Глимт (Норвешка)
Првите натпревари се играат на 18 и 19 август, а реваншите на 25 и 26 истиот месец.
Директно квалификувани:
ПСЖ (Франција)
Баерн (Германија)
Реал Мадрид (Шпанија)
Ливерпул (Англија)
Интер (Италија)
Манчестер Сити (Англија)
Арсенал (Англија)
Барселона (Шпанија)
Атлетико (Шпанија)
Борусија (Германија)
Рома (Италија)
Спортинг (Португалија)
Астон Вила (Англија)
Порто (Португалија)
Манчестер Јунајтед (Англија)
Клуб Бриж (Белгија)
Бетис (Шпанија)
ПСВ (Холандија)
Фејнорд (Холандија)
Лил (Франција)
Наполи (Италија)
Лајпциг (Германија)
Виљареал (Шпанија)
Шахтар (Украина)
Галатасарај (Турција)
Славија (Чешка)
Штутгарт (Германија)
Комо (Италија)
Ланс (Франција)