серија а 2024/2025

Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Макфакс/Кајгана
/ 21.04.2025 / 10:12

Фудбалерите на Наполи во саботата ја победија Монца на гостински терен со 1:0 во 33. коло од Серија А и со 71 бод се изедначија со Интер на првото место на табелата, откако Интер загуби на вчерашното тешко гостување во Болоња.

Наполитанците во преостанатите пет кола имаат многу полесен распоред од бранителот на титулата, а треба да се напомене и дека Интер ќе биде оптоварен со полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона и полуфиналето од Копа Италија против Милан. Наполи, пак, до крајот на сезоната има само натпревари во Серија А.

Тренерот на Наполи, Антонио Конте одржа бурна прес-конференција по тешкиот триумф во Монца, а од неговиот говор се чини дека „не му цветаат рози“ на „Марадона“ и покрај одличните резултати.

„Јас имам одговорност и вие, медиумите, први го потенциравте тоа со зборовите дека ако Конте е на клупата, тимот мора да победи. Бидејќи тоа ми го припишавте мене, не сакам да ги изневерам навивачите. Не можам да се потпрам на чуда наместо на план. Го почитувам и го ценам претседателот на Наполи (Аурелио Де Лаурентис). Навивачите на Наполи имаат високи стандарди ако не победат, се лутат“, рече Конте и додаде:

„Морам да одмерам сè, и не сум будала. Направив голем притисок врз себе, но ми треба вистинско оружје за да се борам. Во спротивно, тоа е масакр и не сакам да ме исечат. Ќе седнам на преговарачка маса со претседателот, а потоа ќе видиме. Ќе имаме приходи од пласманот во Лигата на шампиони, ни помогна и трансферот на Кварацхелиа, но сега искрено ќе разговарам со претседателот. Дадов сѐ од себе, со камата. Сега сакаме да победиме заедно со момците кои напорно работат“.

„Имам добар однос со Де Лаурентис, но исто така ми треба почит. Морам да се заштитам себеси, инаку сето ова ќе биде само убаво, но завршено патување. Тука сум за навивачите на Наполи и за себе. Нема да правам будала од себе и да ги оставам да ме тепаат. Мора да продолжиме да веруваме и се надевам дека ќе имаме и малку среќа. Од јануари среќата не беше на наша страна. Веруваме во нашите можности. Играчите се одлични во тешки ситуации и ние градиме силни темели преку тие предизвици“, заврши Конте.

реклама

Од 11 март почнува голема финансиска среќа за еден хороскопски знак

Read more

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Read more

Каде се селат богатите инвеститори по нападите во Дубаи?

Read more

Трамп: Иран изгуби сè што можеше да изгуби, нема потреба од копнена инвазија

Read more

Фудбал

На иранските фудбалерки им се заканува смртна казна бидејќи не ја пееја химната

Read more

Италијански медиуми: Алегри сака да оди во Реал, ќе го земе и Модриќ

Read more

BBC избра 10 најдобри напаѓачи на 21 век: Кој недостига, кој е преценет?

Read more

Голем „кикс“ на Манчестер Сити во трката за титулата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

На иранските фудбалерки им се заканува смртна казна бидејќи не ја пееја химната

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн сруши рекорд за кој многумина мислеа дека никогаш нема да биде срушен

Читај повеќе

Италијански медиуми: Алегри сака да оди во Реал, ќе го земе и Модриќ

Читај повеќе

Македонските кошаркари паднаа две места на ранг-листата на ФИБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Читај повеќе

BBC избра 10 најдобри напаѓачи на 21 век: Кој недостига, кој е преценет?

Читај повеќе

Ѓоковиќ брка рекорд на Федерер: Во мене уште гори тој оган

Читај повеќе

Нова ера на Формула 1 почнува викендов во Австралија: Седум кандидати за тронот

Читај повеќе